TA Mediteran

Концерт - Andrea Bocelli / Загреб

 ANDREA BOCELLI - ЗАГРЕБ

термин: 08 Март 2018

По повод Меѓународниот Ден на Жената, познатиот италијански тенор - ѕвездата со моќен глас Andrea Bocelli ќе се претстави во Загреб со спектакуларна програма од два дела. Во првиот дел ќе ги изведува најпознатите класични опери, а во вториот дел ќе се претстави со неговите најголеми љубовни хитови и ќе овозможи вистинско музичко уживање. Бидете дел од оваа љубовна магија.

 

 


Автобус | 4 дена - 2 ноќи / термин: 08 Март 2018


1ден/ 08.03.18 (четврток)  СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред хотел "Holiday Inn" во 21.00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.


2ден/ 09.03.18 (петок)  ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица... Слободно време за индивидуални прошетки низ градот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Организирано поаѓање на концертот на Andrea Bocelli. Неколку часовно уживање во неговите најубави балади “Time to say goodbye”, “Viva per lei” и многу други. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 10.03.18 (сабота)  ЗАГРЕБ - ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА
Појадок. Препорачуваме посета на Плитвички Езера. Национален парк на 120 км од Загреб, под заштита на УНЕСКО како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро, прекрасните водопади и магичната природа. Можност за возење со бродче или ручек во склоп на ресторанот на езерата. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.


4ден/ 11.03.18  (понеделник)  ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ
Појадок
. По појадокот, одјавување од хотелот и упатување на групата кон шопинг центар во Загреб до 18.00 часот. Поаѓање за Скопје и ноќно возење. Пристигнување во Скопје наредниот ден во претпладневните часови.


Цена на аранжманот: 215€ / 13.330мкд

За уплата до 15.12.17  195€ / 12.090мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел International 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок;

  • - Организиран разглед на Загреб со локален водич;
  • - Влезница за концертот на Andrea Bocelli во Арена Загреб;
  • - Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Посета на  Национален парк Плитвице (превоз, влезница и водич) - 35€;
  • - Доплата за еднокреветна соба 50€;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително);
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси