TA Mediteran

Автобуски програми | 23-ти ОКТОМВРИ

23-ти ОКТОМВРИ / Истанбул

термин: 19.10 - 2ноќи | 95 / 5.890мкд

преземи во word

ИСТАНБУЛ


Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 19 ОКТОМВРИ 2018 | 5 дена / 2 ноќи | Автобус

 
Сместување во луксузниот 4* Ilkbal Deluxe Hotel

    

   

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 19.10 (петок) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Куманово во 16:15 часот (Бензинска "Makpetrol" - Автопат), Скопје во 17:00 часот (Хотел "ВИП" - наспроти саем), Велес во 17:45 часот (Бензинска "Makoil" - Мотел Македонија), Штип во 17:00 часот (пред Стадионот), Неготино во 18:15 часот (Бензинска "Makpetrol" - Автопат), Струмица во 18:00 часот (Бензинска "Makpetrol" - кружен тек). Се патува преку граничен премин Богородица. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден / 20.10 (сабота) ИСТАНБУЛ (Пешачка тура / Хиподром | Сина Џамија | Аја Софија | Топ Капи)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. Сместувањето е во Ilkbal Deluxe Hotel 4*, област Лалели. По кратка пауза се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди, со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул), Палатата Топ Капи - музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.


3ден / 21.10 (недела) ИСТАНБУЛ (Панорамски разглед | Крстарење - Босфор | Долма Бахче Сарај | Сафир Сеир Тераси)
Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел... прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта, факултативна вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма (видео) (фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни пијалоци (кафе / чај / вода / сокови). Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.


4ден / 22.10 (понеделник) ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Посета на нај големиот трговски центар во Европа - FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот Turkuazoo. Посета на Venezia Mega Outlet каде ќе имате слободно време за шопинг по ефтини цени и можност за пловење со гондола. Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи.


5ден / 23.10 (вторник) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во предпладневните часови.


Цена на аранжманот: 95€ / 5.890мкд
за уплата до 10.10.18: 85€ / 5.270мкд


Дете до 6 години - 45€ / 2.790мкд   |   Дете од 6-12 години - 70€ / 4.340мкд   |   Еднокреветна соба + 35€ / 2.170мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во 4* Ilkbal Deluxe Hotel во Истанбул (област Лалели);
- посета на Хиподромот со локален водич;
- посета на Сината Џамија со локален водич;
посета на Venezia Mega Outlet;
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- панорамски разглед на Истанбул со локален водич на српски и македонски јазик - 10€;
- посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) - 20€

- посета на Аја Софија  (влезница | аудио сет (слушалки) | локален водич) - 15€
- посета на Топ Капи Палатата  (влезница | локален водич- 15€;

  Долма Бахче Сарај + Аја Софија + Топ Капи = ГРАТИС панорамски разглед!!

- крстарење со брод по Босфор - 20€;
- посета на Saphire Seyir Terasi  (превоз | влезница за 4D | локален водич) - 15€;
- посета на Аквариумот Turkuazoo  (превоз | влезница) - 15€;

СИТЕ факултативи - 100€

вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење + трансфер) - 35€;

СИТЕ факултативи со вклучена вечера на брод - 135€

- здравствено патничко осигурување (задолжително) - 150мкд.


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;

- Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


    


Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси