TA Mediteran

Aвтобуски програми

8-ми Декември | Загреб

термин: 06.12-2ноќи | 139 / 8.620мкд

 

З А Г Р Е Б

Christmas Market 

 

(Пронајдете го детето во себе во магијата на SalajLand) 

 

Затворете ги очите... Почувствувајте го мирисот на медењаците и на топлото чоколадо... Слушнете ги сентименталните божиќни песни кои Ве враќаат во детството... И тоа е доволно да се препуштите на уживањето во Божиќниот пазар во Загреб кој во последните три години според on line анкетите е прогласен за најдобар Божиќен пазар во Европа. Под слоганот „Шеќерот доаѓа на крајот...од годината“ Ве водиме одблизу да го почувствувате лесното движење на самовилите и да бидете дел од магијата на имотот на семејството Salaj...

 

   


Tермин: 06 Декември 2019 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус



1ден/ 06.12 (петок)  МАКЕДОНИЈА - ХРВАТСКА
Поаѓање од Штип во 22:00ч, Велес 22:45ч, Скопје 23:30 часот, Куманово 00:15ч на 07.12. Излез од државата на г.п.Табановце. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 07.12 (сабота)  ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич: Стариот дел на градот  со средновековните квартали Каптол со катедралата и Градец со камената порта со чудотворната икона на Богородица и Христос, Црквата „Свети Марко“, кулата Лотршчак, Парламентот... Потоа  сместување во хотел I“ 3* (хотелот се наоѓа во непосредна близина на најмодерниот трговски центар „Арена“, каде на едно место можете да најдете производи од најпознатите светски брендови). Во вечерните часови препуштете се на уживањето во единствената празнична атмосфера низ улиците на градот на дванаесет различни локации кои нудат забава за секого - од божиќните штандови на кои ќе најдете уникатни сувенири и украси преку пријатната атмосфера со уличните бендови па се до вареното вино,печените костени и традиционалните помалку заборавени специјалитети. Враќање во хотелот. Ноќевање.


3ден/ 08.12 (недела)  ЗАГРЕБ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување на групата (факултативно) кон малото хрватско село Грабовица покрај Чазма, каде на падините на Мословачка Гора на имотот на семејството Salaj на површина од околу 60.000 метри квадратни се организира единствената светлечка манифестација во овој дел од Европа која секоја година ја посетуваат повеќе од 90.000 домашни и странски туристи. Се` започнало пред 18 години кога сопственикот Златко Салај, кој имал сиромашно детство посакал на своето семејство да му приреди вистинска Божиќна идилична атмосфера каква има само во филмовите китејќи го дворот со 7000 светликави ламбички. Освен семејството, од ефектот биле воодушевени и бројните минувачи, па така тој продолжил секоја година со уште поголем елан да го дополнува и разубавува целиот амбиент, за со текот на годините благодарение на големиот труд и ентузијазам неговиот сон за Божиќ од бајките да прерасне во најзначајната туристичка манифестација во континенталниот дел на Хрватска. Годинава посетителите ги очекуваат пет милиони ламбички кои ќе бидат поставени низ целиот имот, како и 1500 божиќни топки поставени на стеблата низ целиот имот украсени на потполно нов начин со таканаречени светлосни ice light. Покрај повеќето атракции меѓу кои е Божиќното село под ѕвездено небо, големите санки наменети за фотографирање, осветлените патеки за шетање, лизгалиште на замрзнатото езеро, ресторан каде можете да испиете топол чај или кафе и да вкусите автентични домашни производи, тука е и приказот на Исусовиот гроб. Откако во магијата на оваа бајка ќе успееме да го пронајдеме детето во себе, се враќаме во хотелот во Загреб. Ноќевање.  


4ден/ 09.12 (понеделник)  ЗАГРЕБ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Слободно време за шопинг во трговскиот центар „Арена“. Околу пладне одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови. 


Цена на аранжманот: 139€ / 8.620мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел I“ 3* во Загреб на база, 2 ноќи со појадок;
  • Разглед на Загреб со локален туристички водич;
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • Факултативен излет до Грабовица со вклучена влезница во SalajLand - 15€
  • Доплата за еднокреветна соба +25€;
  • Туристичка такса во Загреб (се плаќа на рецепција во хотелот) - 1,15€ по лице од ноќ;
  • Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 160мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 7 дена пред поаѓање.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. 
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси