TA Mediteran

Aвтобуски програми

8-ми Декември | Кавала & Драма

термин: 07.12-2ноќи | 99 / 6.140мкд

 

КАВАЛА & ДРАМА

Christmas Market 

 

Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се возобновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки... Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште...

 



Автобус | 3 дена - 2 ноќи / термин: 07 декември 2019



1ден/ 07.12 (петок) МАКЕДОНИЈА - КАВАЛА

Поаѓање од Штип во 05:00ч, Скопје 03:00ч, Кавадарци 05:00ч на 7.12 кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала. Организирано разгледување на еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Посета на стариот дел на Кавала со локален туристички водич, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик - стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска Држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Потоа сместување во хотел „Oceanis“ 4* лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ градот кој веќе започнуваа да живее во претпразнична еуфорија. Плоштадот е украсен со илјадници шарени ламбички, на различни локации се организираат музички претстави и концерти, а целиот град мириса на традиционалните божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп) со кои се преполни преубавите слаткарници. Ноќевање.


2ден/ 08.12 (сабота) КАВАЛА - ДРАМА - КАВАЛА

Појадок. Во претпладневните часови заминување на групата (факултативно) кон Драма, градот со неверојатна природна убавина која се отсликува и преку неговото име што значи воден парк. Тука, во самиот град кој особено оживува за време на Божиќните празници, на површина од околу 20.000 метри квадратни се наоѓа Oneiroupoli, градот од соништата кој со години е вистинска атракција и едно од трите места во Грција кои задолжително треба да ги посетите за време на Божиќните празнувања. Тука е целата тематска Божиќна приказна прикажана на едно место: Дрвената куќичка на Дедо Мраз заедно со занаетчиските работилници, куќата на самовилите, божиќните штандови со специјално осветлување на кои се продаваат автентични и рачно изработени сувенири и подароци... Градот живее во овој период од годината и за децата и за возрасните и ги повикува на волшебно патување во светот на бајките нудејќи весело расположение, музички концерти и претстави, вкусна храна и пијалоци...Дефинитивно, еден од најубавите божиќни настани во Грција! Во вечерните часови враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање. 


3ден/ 09.12 (недела) КАВАЛА - СОЛУН - МАКЕДОНИЈА

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Солун. Слободно време за индивидуални активности и шопинг во шопинг центарот COSMOS. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.


Цена на аранжманот: 109€ / 6.760мкд

За уплата до 01.11.19:  99€ / 6.140мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација;
  • Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4*;
  • (Напомена: Сите соби во хотелот немаат тераси. Агенцијата не може да гарантира сместување во соби со тераси);
  • Локален туристички водич  за разглед на Кавала и Драма;
  • Организација на патувањето и туристички придружник.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Факултативен излет до Драма -10€;
  • Доплата за еднокреветна соба - 25€ (за двете ноќевања);
  • Туристичка такса во Кавала (се плаќа во агенцијата) – 1,50€ по соба од вечер;
  • Патничко осигурување.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребни се минимум од 40 патници.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси