TA Mediteran

Aвтобуски програми

Будимпешта | Автобус

термин: 28.11-2ноќи | 120 / 7.450мкд


Б У Д И М П Е Ш Т А

СЕНТ АНДРЕА - ВИЕНА

 

 

 

Термин: 28 ноември 2019 | 5 дена / 2 ноќи | Автобус

Сместување во Ibis Styles ***

   


1ден/ 28.11 (четврток)  СТРУМИЦА/ШТИП/СКОПЈЕ/КУМАНОВО - БУДИМПЕШТА
Поаѓање од градовите: Струмица во 15:00 часот (Бензинска "Makpetrol" - кружен тек), Штип во 16:00 часот (пред Стадионот), Скопје во 17:00 часот (Хотел "ВИП" - наспроти саем), Куманово во 17:45 часот (Бензинска "Makpetrol" - Автопат). Се патува преку граничен премин Табановце. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 29.11 (петок)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 30.11 (сабота)  БУДИМПЕШТА - ВИЕНА - БУДИМПЕШТА
Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.


4ден/ 01.12 (недела)  БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот заминуваме во посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод по Дунав. По крстарењето слободно време за индивидуални прошетки во центарот на градот. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 02.12 (понеделник)  МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во утринските часови.


Цена на аранжманот: 120€ / 7.450мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус/минибус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Ibis Styles *** во Будимпешта;
  • Организација на аранжманот;
  • Лиценциран туристички придружник.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта - 10€;
  • Крстарење по Дунав - 15€;
  • Посета на Сент Андреа - 10€;
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF - 35€;
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости;
  • Доплата за еднокреветна соба - 45.

Напомена:
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата.
Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


Број на Патници






















ПОДАТОЦИ НА АРАНЖМАНОТ

ПОДАТОЦИ ЗА УПЛАТА
Вид на Плаќање
Плаќањето е исклучиво во денарска противредност по куповниот курс на деловната банка за откуп на девизи од девизниот пазар ( т.е. продажен курс према организаторот)
Банкови Сметки:
200 00 177 483 28 54 Стопанска Банка
Слободно посетете не во ТА Медитеран и веродостојно ќе ве услужиме.


ДОГОВОР НА ДОВЕРБА:

Општите услови на патувањето се составен дел од договорот.

Изјавувам дека сум запознат со програмата и со општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Адреса: Ванчо Прќе ББ 2000 Штип / Телефон: +389 32 397 001 / Е-пошта: contact@mediteran.mk

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси