TA Mediteran

Авионски програми

8-ми МАРТ / Барселона

термин: 04.03-3 ноќи | 349 / 21.638мкд

 

 БАРСЕЛОНА


Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Рамблас“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

 

 

Авион | 4 дена - 2 ноќи / термин: 8-ми март 2018 

 

1ден/ 04.03 (недела)  СКОПЈЕ - БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:00 часот. Полетување за Барселонa во 18:00 ч. Пристигнување во Барселона во 20:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.


2ден/ 05.03 (понеделник)  БАРСЕЛОНА (Панорамски разглед, Рамблас, Аквариум, Маремагнум)
Појадок во хотел. Организиран факултативен панорамски разглед на Барселона: плоштадите Каталонија и Шпанија, магичната фонтана, авенијата РамбласСпоменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија (40 минутен разглед), Олимпиското пристаниште, ридот Монт Жуик (Montjuic) со стадионот (5 минутен разглед) и Спортската Палата, Шпанското село, Готскиот кварт (50 минутен разглед). Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во Светот. Потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот http://www.aquariumbcn.com/en – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност во шопинг центарот „Маремагнум“ за кафе пауза, ручек или шопинг. Навечер Ви препорачуваме посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 06.03 (вторник)  БАРСЕЛОНА (Парк Гуел-Тибидабо-Шпанско село; Ноу Камп, Фламенко)
Појадок во хотел. Ви нудиме факултативен излет (5 часа) за да поминете прекрасен ден низ парковите на Барселона. Првин одиме во посета на паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Продолжуваме потоа кон Тибидабо, највисоката точка во Барселона на 512 метри надморска височина, од каде може да ја видите Барселона на дланка, а тука се наоѓа и црквата од неоготски стил „Саграт кор“.  Потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX  век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија. Факултативен полудневен излет до еден од најпознатите стадиони во светот – „Ноу Камп“ на кој игра фудбалскиот клуб „Барселона“. Ќе имате можност да го видете музејот на клубот со многубројните трофеи. Враќање во хотел со метро. Организирана факултативна Фламенко вечер во ресторан, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто, можност за вечера на принцип шведска маса (доплата), со голем избор на храна и пијалоци (оние кои што доаѓаат на Фламенко со вечера, почетокот е во 20.00, а оние кои се за Фламенко со пијалок, почетокот е во 20.30 часот). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.


4ден/ 07.03 (среда)  БАРСЕЛОНА - ФИГЕРАС - ГИРОНА - БАРСЕЛОНА-СКОПЈЕ
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Целодневен факултативен излет за Гирона и Фигерас. Првин поаѓаме за Гирона, кој се наоѓа во близина на Франција. Посебен шарм на градот му даваат зидините од римскиот период, а од кулите, кои се претворени во видиковец имате прекрасен поглед на градот и околината.Потоа, имаме разглед на градот, на најстариот еврејски кварт во Европа и Готската катедрала. Слободно време. Патувањето го продолжуваме кон Фигерас и посета на музејот на Салвадор Дали, кој е е сместен во неговата семејна палата, а изложбата е компилација од уметничките дела на Дали од разни периоди на неговото творештво. Враќање кон Барселона. Слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер до аеродормот во Барселона е во 19:00 часот. Чекирање и пасошки и царински формалности.
Летот за Скопје е во 21:15 часот. Пристигнување на скопскиот аеродром во 23:55 часот.


Цена на аранжманот: 349€ / 21.638мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Директен лет на релација Скопје-Барселона-Скопје со авиокомпанија Wizz Air;
  • - Голема кабинска торба 10кг (56x45x25cm);
  • - Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром во Барселона;
  • - Сместување во хотел  3*  на база 3 ноќевања со појадок;
  • - Организиран разглед на Барселона според програмата;
  • - Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси 3.100мкд;
  • Доплата за голема кабинска торба - 2.000 мкд. или 23 кг. багаж (куфер) - 3.000 мкд;
  • - Организиран панорамски разглед на Барселона со водич и трансфер - 26€ (уплата во агенција) / 32€ (уплата на лице место);
  • - Посета на Ноу Камп (претставник од агенција, билет и трансфер во еден правец, враќањето е со метро и не е вклучено во цената) - 34€ / 24€ (уплата во агенција) / 36€ / 26€ (уплата на лице место);
  • - Посета на Парковите на Барселона (Парк Гуел, Тибидабо, Шпанско село) со водич и билет - 55€ (уплата во агенција) , не е можна уплата на лице место;
  • - Посета на Гирона и Фигерас (водич, билет и трансфер) - 65€ (уплата во агенција) / 75€ (уплата на лице место);
  • - Фламинко шоу со пијалок - 40€, со вечера 55€ (уплата во агенција) / 45€, со вечера 60€ (уплата на лице место);
  • - Аквариум (влезница и претставник од агенција) - 21€ (уплата во агенција) /24€ (уплата на лице место);
  • - Туристичка такса 1 евро на ден (се плаќа во хотел);
  • - Карти за јавен превоз (метро);
  • - Патничко-здравствено осигурување (задолжително) - 200 мкд.

ПАКЕТИ:

  • - Панорамски разглед и Аквариум – 40 €
  • - Паркови, Ноу Камп и Фламинко – 120 €

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.
Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот авио билети, да ја промени и цената на аранжманот. 
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.



За овој аранжман важат општите услови за патување на Медитеран и СКТМ

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси