TA Mediteran

Авионски програми

8-ми МАРТ / Рим

термин: 08.03-3 ноќи|299 / 18.538мкд


Р И М

 

“Сите патишта водат кон Рим”, е израз во добро заслуженото реноме на Римјаните “за нивните градбени вештини. Нивната мрежа на патишта, значи дека тие буквално направиле сите да водат до Рим. Рим е главен град на Италија и најголем град во државата. Таа се наоѓа на реките Тибер и Аниен, во близина на Средоземното Море. Ватикан (суверена држава), во седиштето на Римската католичка црква и дом на Папата исто така се наоѓа во Рим. Во границите на градот, населението е 2.823.807 (2004) и речиси 4 милиони живеат во околината на Рим. Историјата на градот има 2.800 години, за време на кој своевремено бил седиште на антички Рим (Римското Царство, Римската Република, Римското царство), а подоцна Папските Држави, Кралството Италија и Република Италија. Рим е толку полн со христијанската уметност и архитектура, прекрасни глетки, културни изложби и многу повеќе…Фасцинантно е, без разлика каде да се погледне. Места кои би сакале да ги посетите се: Колосеумот, Римскиот форум, Пјаца Навона, Piazza di Spagna, Кампо де Фјори, Св Базиликата Свети Петар, Фонтаната Треви, Кастел Сант ‘Анџело, вилата Боргезе и Trastevere. Има толку многу места за посета и споменици на кои можете да се восхитувате. За да навистина се разбере културата и душата на Рим ќе мора да се застане меѓу нејзините прекрасни знаменитости и атракции.
 


Авион | 4 дена - 3 ноќи / термин: 8-ми март 2018
 



1ден/ 08.03 (четврток)  СКОПЈЕ - РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:15 часот. Полетување за Рим во 13:15 ч. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. По кратка пауза за одмор се упатуваме на организиран пешачки панорамски разглед на градот со локален водич (пешачки и метро). Во пешачки разглед од три часа ги поминуваме: Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотелот. Ноќевање.


2ден/ 09.03 (петок) - РИМ (Ватикан)
По појадокот е предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед). Планирано е разглед на Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе се видат најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16-ти век, салата со канделабри, собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508-1511 год Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30-тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Потоа ќе ја посетиме најголемата црква во светот – Св.Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ – единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката завршува со посета на прекрасниот плоштад пред самата црква кој го уредил Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По завршувањето на посетата на Ватикан, слободно време за индивидуални разгледи. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 10.03 (сабота) - РИМ (Колосеум)
По појадокот прошетка со локален водич: црква Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, црквата Сан Пиетро ин Винколи, каде се наоѓа познатата скулптура на Мојсеј и синџирите во кои бил окован Св. Петар (првиот римски папа). Потоа се посетува една од најголемите знаменитост и атракција во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Изградбата е започнатa од императорот Веспасиан во 72 год и е завршенa година после неговата смрт (80 год.) од неговиот син Тит. Потоа се проаѓа покрај Римскиот форум и завршуваме со Кампидољо – римското собрание, пиаца Венеција и Олтарот на нацијата. Слободно време. Враќање во хотел. Вечерта, можност за прошетка и вечера во ресторан на Трастевере. Ноќевање.


4ден/ 11.03 (недела) - РИМ - СКОПЈЕ
По појадокот одјавување од собите, слободно време за последно кафе во Рим и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:30 ч. со директен лет. Пристигнување во Скопје во 17:05 ч. 


Цена на аранжманот: 299€ / 18.538мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • - Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • - Голема кабинска торба до 10кг (56x45x25cm);
  • - Сместување во двокреветни соби во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок;
  • - Организирани прошетки според програмата;
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси по лице - 3.720  денари;
  • Доплата за голема кабинска торба - 2.000 мкд. или 23 кг. багаж (куфер) - 3.000 мкд;
  • Туристичка такса (се плаќа во хотел) - 6€ по ден на лице;
  • - Билети за јавен превоз со метро;
  • - Организиран панорамски разглед на Рим со водич  - (10€ за уплата во агенција / 15€ за уплата на лице место);
  • - Организирана факултативна посета на Ватикан , црквата Св.Петар и Систинската капела  - (50€ за уплата во агенција / 58€ за уплата на лице место);
  • - Организирана посета на Колосеум, со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил  - (40€ за уплата во агенција / 48€ за уплата на лице место);
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 160мкд. 

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 25 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси