TA Mediteran

Авионски програми

8-ми МАРТ / Париз

термин: 03.03-3 ноќи |359 / 22.258мкд

 

П А Р И З

Париз, градот на светлината... или нешто многу повеќе. Имајќи ја сета своја историја, архитектура, уметност, култура и живот кој плени со својата динамичност и космополитност, како ретко кој град на светот го зазема своето место во срцето на секој негов посетител. Вљубеноста во Париз не е само последица или чувство на некоја уметничка душа која во него ја нашла својата инспирација за дел од своето творештво. Таа вљубеност може да ја почувствува секој намерник кој притиснат од своето секојдневие, во моментите на престој во овој град, ќе се изненади од сета широчина и богатство на видици кои пред него, тој ги отвора... Париз ги напаѓа сите сетила и бара да го видите, слушнете, допрете, вкусите, помирисате... Видете ги импресивните споменици и вкусете ги гастрономските волшепства: пикантно француско сирење, чоколаден мус, црвено вино... Париз е град со широки видици и интимни улици, средени паркови и тивки плоштади. Иако е голема метропола, во Париз можете да стигнете од една до друга знаменитост пешки. Париз е неверојатно шаренило од архитектонски стилови, кои ја отсликуваат фасцинантната историја на градот, низ 2.000 години еволуција. Mожеби најмногу ќе ви се допадне готската градба на познатата катедрала Notre Dame, а за оние кои претпочитаат помалку раскош и чисти линии, Триумфалната Капија... Започнете со најдоброто од Париз: шик доживување на познатите Елисејските Полиња (Champs-Elysees)! Од секоја пора на градот извира една карактеристична глетка: импозантната Ајфелова кула, која, секако, е симболот на Париз. Ова колосално здание се издига на панорамата на градот и претставува нераскинлив синоним за Париз, од нејзината изградба во 1889 г.

 

  

Авион 4 дена / 3 ноќи - термин: 8-ми март 2018 

  

1ден/ 03.03 (сабота) - СКОПЈЕ - БУВЕ - ПАРИЗ
Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 15:45 часот. Полетување за Париз во 17:45 со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигање на аеродромот Beauvais во 20:50 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер со автобус до Париз (90 км). Сместување во хотел. Ноќевање.


2ден/ 04.03 (недела)  - РАЗГЛЕД НА ПАРИЗ - ЛУВР - ТРИУМФАЛНА КАПИЈА
Појадок. По појадокот, се упатуваме на организиран панорамски разглед на Париз во вкупно времетраење од 3-4 часа, ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint Germain, Sorbona, Louvre, Champs Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница, Dome des invalides, Concorde Bastille, Republique, Vendome, Trocadero, Etoilе. По разледот предлагаме факултативна посета со локален водич на еден од најбогатите светски музеи Лувр, кој 700 години бил резиденција на француските кралеви до нивната преселба во Версај и кој сега е дом на 65,300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Потоа, се упатуваме кон најпознатата париска улица – Елисејските полиња, каде ќе имате можност да ја видите Триумфалната капија. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.


3ден/ 05.03 (понеделник) - ПАРИЗ (Версај - Ајфелова кула - Крстарење по Сена - Мулен Руж)

Појадок. По појадокот се упатуваме во факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 км). Версај е изграден од францускиот крал Луј XIV, кој преставува ремек дело на уметноста од 17-ти век. Враќање назад кон Париз (15 км). Во попладневните часови посета на Ајфеловата кула и можност да уживате во неверојатната панорамска глетка од третиот спрат на тоа уникатно архитектонско здание . По посетата на Ајфеловата кула предлагаме едночасовно крстарење по Сена и да пројдете низ многубројните мостови и да ја почувствувате магијата на Париз од различна преспектива. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чијашто програма започнува во 23:00 часот, а може и да прошетате низ познатата Пигал улица. Ноќевање.


4ден/ 06.03 (вторник) - МОНМАРТР - САКРЕ КЕР - БУВЕ - СКОПЈЕ

Појадок во хотел и одјавување. По појадокот заминување со метро во придружба на нашиот водич до Монмартр, плоштадот на уметниците, потоа ќе можете да ја видете базиликата Sacre Coeur, од која има прекрасен поглед на Париз. Слободно време за индивидуални прошетки до тргнување кон аеродромот со организиран трансфер.
Полетување за Скопје во 21:20 часот со директен лет на авиокомпанија Wizz Air. Слетување во Скопје во 23:55 часот.


Цена на аранжманот: 359€ / 22.258мкд 


 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Директен лет на релација Скопје - Бове - Скопје со авикомпанија Wizz Air;
  • - голема кабинска торба од 10кг (56x45x25cm);
  • - Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • - Сместување во хотел со 3*  на база 3 ноќевања со појадок;
  • - Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • - Организација и реализација на програмата и придружник на патувањето.

 


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси - 3.720 мкд (се плаќа во агенција при уплата на аранжманот);
  • - Туристичка такса  1.32€ ден (се плаќа на рецепција во хотел при одјавување);
  • - Патничко осигурување 200мкд;
  • - Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро - 14,1€ (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција);
  • - Панорамски разглед на Париз со локален водич 30€ (уплата во агенција) / 33€ (уплата на лице место);
  • - Посета на Версај - 53€ (уплата во агенција) / 56€ (уплата на лице место) (вклучена влезница  за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер со автобус). Задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
  • - Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат - 18€ (уплата во агенција) / 21€ (уплата на лице место);
  • - Крстарење со брод по Сена - 15€ (уплата во агенција) / 18€ (уплата на лице место)
  • - Посета на Лувр 35€ (уплата во агенција) / 37€ (уплата на лице место) (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, се патува со метро). Задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција;
  • - Посета на Moulin Rouge - 115€ (уплата во агенција) / 125€ (уплата на лице место) (вклучена влезница со резервација на маса  и шампањ);
  • - Можност за организирана посета на Дизниленд.

ПАКЕТИ: 

  • - Панорамски разглед на Париз со локален водич – 33 €
  • - Посета на Версај 56 евра (вклучена влезница за дворецот (градините не се вклучени во цената), локален водич на македонски јазик, трансфер , задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција,)
  • - Влезница за Ајфелова Кула до третиот кат- 23 €,
  • - Крстарење со брод по Сена – 18€
  • - Посета на Лувр 37€ (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција, се патува со метро)
  • - Посета на Moulin Rouge-125€ (вклучена влезница со резервација на маса и шампањ),
  • - Панорамски разглед и посета на Лувр – 60 €
  • - Посета на Версај, влезница за Ајфелова кула и крстарење по Сена – 80 €

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 25 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ и Медитеран.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси