TA Mediteran

Авионски програми

8-ми МАРТ / Куба

термин:07.03-ноќи|1274/78.988мкд


КУБА
 

(Варадеро)

Куба е една од најомилените дестинации на оние туристи кои преферираат долги песочни плажи. Исто така, Куба е земја со најголем број олдтајмери, која ги примамува најбогатите колекционери на стари автомобили од целиот свет. Но, Куба е позната и по Че Гевара (Che Guevara),песочни плажи и водените површини со неверојатна сина боја, Кубанските цигари , кубанската музика...
Варадеро - најексклузивното и најпознато летувалиште во Куба во која се уште владеат браќата Кастро, се наоѓа на околу 150 километри источно од главниот град Хавана и денеска е еден од најзначајните туристички центри на Карибите. Јастози, корали, подводни карпи, риби,желки, стари бродови – се само дел од тоа што можете да го видете нуркајќи. Прекрасна работа е што температурата на водата никогаш не се спушта под 24 степени, па дури ни во зима.Идеален период за посета е од декември до месец мај.

 

 

Авион | 12 дена - 9 ноќи / термин: 8-ми март 2018 

 


1ден/ 07.03 (среда)  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Состанок на патниците нa аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во 18.00 часот .Полетување од Скопје во 20.40 часот .


2ден/ 08.03 (четврток)  ИСТАНБУЛ - ХАВАНА - ВАРАДЕРО
Слетување во 00.20 во Истанбул .Полетување од Истанбул во 02.10 и пристигнување во Хавана во 09.00. По завршување на пасошка и царинска контрола, трансфер до избраниот  хотел  во Варадеро. Сместување во соби според правилата на хотелот. Слободно време за одмор, уживање на плажа.


3 -10ден - ВАРАДЕРО
Можност за дополнителни екскурзии: Патување со катамаран, целодневна екскурзија со времетраење од 8 часа со бесплатни коктели, музика и забава. На Островот Cayo Blanco - ручек, салса танцување и коктели. Нуркање во близина на Островот Cayo Blanco.  


 

11 ден - ВАРАДЕРО - ХАВАНА - ИСТАНБУЛ

Појадок. Трансфер до Хавана. Полетување од Хавана во 10.00 часот и слетувате наредниот ден во Истанбул во 10.15 часот.

 


 

12 ден - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

 


 Цена на аранжманот: 1274€ / 78.988мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Авиобилет на релација Скопје - Хавана - Скопје (со вклучен багаж);
  • - Рачен багаж  до 10кг (56x45x25cm);
  • - Трансфер аеродром - хотел - аеродром;
  • - 9 ноќевања во Sol Sirenas Coral 4* на база  All Inclusive (се вклучено);
  • - Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси - 316;
  • - Индивидуални трошоци;
  • - Факултативни излети;
  • - Излезна такса од Куба (15-25 песози, се плаќаат на аеродромот при напуштање на државата)

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.
Цената е загарантирана само доколку има уплата од 50% депозит за време на резервација и е нерефундабилен во случај на откажување.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси