TA Mediteran

Авионски програми

8-ми Март / Братислава & Виена

термин: 09.03-3 ноќи | 199€ 12.350мкд

  

БРАТИСЛАВА и ВИЕНА

 


 Авион | 4 дена - 3 ноќи / термин: 8-ми март 2018

 

1ден/ 09.03 (петок)  СКОПЈЕ - БРАТИСЛАВА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 14:15 часот. Полетување за Братислава во 15:45 и слетување во 17:15 часот. Организиран трансфер до Братислава и сместување во хотел. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Ноќевање.


2ден/ 10.03 (сабота)  БРАТИСЛАВА (Пандорф) - ВИЕНА
Појадок. Посета на прекрасниот Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде се пружа прекрасен поглед кон градот. Тоа е ретко место од каде што во исто време може да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Организиран трансфер до Виена со попатна посета на Пандорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од  Еуген Савојски,  обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта... Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 11.03 (недела)  ВИЕНА
Појадок. Прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател... Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла. Прошетката продолжува по познатата улица Mariahilferstrasse, можност да се почувствува атмосферата на виенските кафулиња со “melange” кафе и захер торта. Ноќевање. 


4ден/ 12.04 (понеделник) ВИЕНА - СКОПЈЕ   
Појадок. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Трансфер до аеродромот во Братислава. Полетување за Скопје во 21:55 и слетување во 23:30 часот.


Цена на аранжманот: 257€ / 15.950 мкд

Цена за уплата до 21.02: 199€ / 12.350 мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски превоз на релација Скопје - Братислава - Скопје;
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 55 х 40 х 23cm до 10kg);
  • Организиран трансфер од Аеродромот до хотелот и обратно и превоз од Братислава до Виена;
  • Сместување во Хотел Crowne Plaza 4* во Братислава на база 1 ноќевање со појадок;
  • Сместување во Хотел Austria Trend Ananas 4*  во Виена на база 2 ноќевања со појадок;
  • Разгледување на Братислава и Виена според програмата;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси 2.980 денари;
  • - Пешачка прошетка во Виена со локален водич 15 евра;
  • - Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 3.800 денари;
  • - Посета на Шенбрун со вклучена влезница 35€;
  • - Влезници во локалитетите, карти за локален превоз;
  • - Патничко здравствено осигурување 250 денари. 

Напомена:

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 25 патници.
Цените се дадени во евра, за уплата исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
За резервации со пониска цена потребна е уплата од 30% од цената на аранжманот.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси