TA Mediteran

Авионски програми

8-ми Март / Малта

термин: 03.03-ноќи | 359€ /22.260мкд



М А Л Т А


Малта е најголемиот остров и културен, трговски и административен центар. Тука се премостуваат милениуми од неверојатен спектар на работи кои треба да се откријат. Каде и да одите, сценографијата и архитектура се со спектакуларна позадина. Боите се впечатливи, боите на меден-камен во мешавина со медитеранската сина. Малта е опишан како еден голем музеј на отворено. Она што ја прави уникатна е тоа што толку многу од минатото е видливо денес. Истражете ја мистериозната праисторијата на островот, рутата на стапките на Свети Павле или пак видете каде витешкиот ред на Свети Јован се борел во своите најпознати битки. Малта е одмор, Малта е расположение… Може да се релаксирате со спорт, да ги посетите познатите историски знаменитости, и сеуште да имате време за ноќен живот. Тоа е вистинската предност на престојот тука. Малта има велнес и спа објекти на луксузни хотели и одморалишта. И, ако тоа не ви е доволно, тука се другите два острови – Гозо и Comino-кои може да бидат пријатна промена на сцена за време на вашиот престој во Малта. Изборот е ваш…
 

 
Авион | 5 дена - 4 ноќи / термин: 8-ми март 2018



1ден/ 02.03 (петок)  СКОПЈЕ - МАЛТА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 часот. Полетување за Малта во 06:10. По пристигнувањето во 07:55 часот, организиран трансфер и разглед на Валета  - главниот град на Малта, изграден од витезите на St. John. Прошетка низ сликовитите улички се до Градините - Upper Barrakka Gardens, од каде што има панорамски поглед на Големиот Залив (Grand Harbour). Посета на богатоукрасената Катедрала и музеј на St. John, со светски познатите уметнички ремек дела на Караваџо и Матија Прети. По посетата на Валета можност за факултативна екскурзија до Мдина центарот на островот посетувајќи ја црквата Моста, со една од најголемите куполи во светот. Посета на фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’Qali, со можност да се види специфичната техника на изработка на дувано стакло, стариот средновековен главен град на Малта (Тивкиот Град). Прошетка низ тесните поплочени улички и најзначајните места во градот. Разглед на малото место Атард, познатите градини San Anton, Претседателската Палата. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање. 


2ден/ 03.03 (сабота)  ГОЗО
Појадок.   Можност за целодневна факултативна посета на  Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг, кој во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа. Пред пристигнување на пристаништето Cirkewa, можност за кратка посета на Светилиштето на Пресвета Богородица на Mellieha. Посета на пештерата на Калипсо во Рамла Хамра заливот и прекрасните плажи. Панорамски разглед на Рабат или Викториа, главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади, заливот Xlaendi... Во вечерните часови враќање во хотел.  Ноќевање.


3ден/ 04.03 (недела)  ТРИТЕ ГРАДА
Појадок. Можност за факултативна посета на трите града: Senglea - Isla, Vitoriossa – Birgu и Cospicua - Bormla, најубавите историски места на Малта, каде ќе се запознае културата на живеење на малтежаните. Conspicoua пред 18 век била позната како Bormla, име кое се уште е во употреба. Нејзините бедеми се конструирани за заштита на градот и соседите Vittoriosa & Senglea, изградени од страна на витешкиот ред на Малта. Посета на Vittoriosa, гратче идеално лоцирано за засолниште, познато по својата трговска, морска и воена активност. Senglea или Isla L'Isola (остров) е наречена во време на витешкиот ред. Локалитетот е еден од најстарите градови во Малта кои датираат од 16 век, изобилува со ботато наслетство од страна на витешкиот ред на St. John. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 05.03 (понеделник)  МАЛТА 
Појадок. Слободно време за уживање во прошетките покрај прекрасните плажи во  St Julian's и Sliema. Ноќевање 


5ден/ 06.03 (вторник) МАЛТА - СОФИЈА - СКОПЈЕ 

Појадок (Breakfast boxes). Организиран трансфер до аеродромот во Малта. Полетување за Софија во 08:55 часот. Пристигнување во Софија  во 11:45 часот (по локално време) и организиран трансфер до Скопје.


Цена на аранжманот: 359€ / 22.260 мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Авионски превоз на наведената релација Скопје - Малта - Скопје со WizzAir (директен лет);
  • - Рачен багаж (1 торба/куфер  со димензии 55х40х23cm со максимум 10kg);
  • - Трансфер аеродром – хотел – аеродром на Малта;
  • - Сместување во Хотел Alexandra 3* во центарот на St. Julian's во Малта на база 4 ноќевања со појадок;
  • - Организиран разглед на Валета;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси 4.900 денари;
  • - Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg) 4.500 денари;
  • - Туристичка такса 0,5 евра на ден (се плаќа во хотелот на рецепција);
  • - Факултативна посета на Мдина со вклучена влезница во Катедралата St.John - 35€;
  • - Целодневен факултативен излет на островот Гозо - 65€;
  • - Факултативна посета на Трите Града: Senglea, Birgu и Bormila - 45€;
  • - Влезници во музеите и културно-историските споменици;
  • - Индивидуални трошоци;
  • Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 250мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 25 патници. За реализација на факултативните излети потребен е минимум од  од 15 лица, со пријава во агенција.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Цените се дадени во евра, уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари. 
За резервации со пониска цена потребна е уплата од 30% од цената на аранжманот.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата. 


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси