TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Рим

термин: 07.03-3 ноќи | 220 / 13.640мкд

 Р И М


со факултативна посета на  ВЕНЕЦИЈА, ТИВОЛИ и ВАТИКАН


Сите патишта водат во Рим... И навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како "Римското царство", овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеушт го красат овој град. Тој, едноставно речено е музеј на отворено. Неговото значење, во времето кога сеуште се дефинирала новата европска и светска цивилизација е навистина големо. Напуштањето на паганството и прифаќањето на христијанството, е можеби пресудниот момент за неговото добивање на вечно место во светската историја. Седиштето на "светата столица" на една од најголемите светски религии (католичка-христијанска) т.е. државата Ватикан е токму тука - во самото срце на Рим. Да го посетите вечниот Град - Рим, а да не го доживеете Ватикан, е невозможно. Ватикан е величествен спој на христијанска духовност, совршена архитектура, генијални уметнички дела.

 

 

Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 8-ми март 2018

  

  

1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - ВЕНЕЦИЈА
Состанок со групата во 13:30 ч. и поаѓање за Венеција 14:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во Пунта Сабионе во пладневните часови. Продолжуваме кон Венеција (со брод) за разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждовата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно попладне за прошетка и индивидуални активности како и можност за романтично возење со гондола. Во договорено време поаѓање за Лидо ди Јесоло (45km ) и сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - РИМ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Рим. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Рим во попладневните часови и панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): Колосеумот, Форумот, Плоштадот Венеција, Шпанскиот плоштад, Фонтана ди Треви, Пантеон,улицата виа дел Корсо, плоштадот Дел Пополо, зградата на Италијанската влада.... Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови сместување во хотел. Ноќевање.


4ден/ 10.03.18 (сабота)  РИМ - ТИВОЛИ - ВАТИКАН
Појадок. После појадокот можност за факултативна посета на Тиволи. Посета на волшебните градини и паркови збогатени со стотици фонтани на вилата d’Este, која претставува една од најубавите и најимпозантните градини во светот. Вилата е под заштита на UNESCO како објект од светско културно наследство. По завршување на разгледот, се упатуваме према Ватикан, посета со локален водич:  црквата Св. Петар и Ватиканскиот музеј (Сикстинската капела). После разгледот на Ватикан слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Рим. Во договорено време враќање во хотел. Вечерта предлагаме факултативен излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни. Ноќевање.


5ден/ 11.03.18 (недела)  РИМ - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Се упатуваме кон центарот на градот. Слободно време за индивидуални активности, прошетки, ручек. Во договор со водичот, можност за индивидуална посета на римскиот Колосеум и Римскиот форум. Во вечерните часови поаѓање за Скопје. 


6ден/ 12.03.18 (понеделник) - СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 


 Цена на аранжманот: 235€ / 14.570мкд

 


  • Во цената на аранжманот е вклучено:
  • - Превоз со туристички автобус на дадената дестинација;
  • - Сместување во хотел со  3* во Лидо ди Јесоло, на база 1 ноќевање со појадок ;
  • - Сместување во хотел со 3* во Рим или околината, на база 2 ноќевања со појадок;
  • - Разгледување  на Венеција со локален водич;
  • - Професионален туристички пратител за време на целото патување;
  • - Реализација и организација на програмата.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • - Карта на брод на релација Пунта Сабионе - Венеција - Пунта Сабионе - 15€;
  • - Превоз, влез и разглед на Тиволи со локален водич - 30€ (мин. 25 лица);
  • - Организиран разглед на Рим со локален водич - 10€;
  • - Посета на Ватикан (превоз, влезница, слушалки и разглед со локален водич) - 45€;
  • - Rome by night излет - 10€;
  • - Влезници за културно-историските знаменитости;
  • - Туристичка такса 4 евра по лице од ден;
  • - Карта за јавен превоз во Рим;
  • - Патничко осигурување - 250мкд (задолжително).

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат Општите услови за патување на Медитеран и СКТМ

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси