TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Азурен брег

термин: 07.03-3 ноќи | 199 / 12.330мкд

 

А З У Р Е Н  Б Р Е Г


(Милано - Ница - Сент Тропез - Кан - Eз - Монако - Монте Карло)

 

  

 

Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 07 март 2018 



1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - МИЛАНО
Состанок на групата во 11:30ч. и поаѓање во 12:00ч. од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  МИЛАНО
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за шопинг. Патувањето продолжува кон Милано. Сместување во хотел. По краткиот одмор, се упатуваме на организиран разглед на градот (факултативно): тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање


3ден/ 09.03.18 (петок)  МИЛАНО - НИЦА
Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Враќање во хотел. Ноќевање. 


4ден/ 10.03.18 (сабота)  НИЦА - СЕНТ ТРОПЕЗ - КАН - АНТИБ
Појадок. Следи целодневен факултативен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne... Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан (90km) . Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање


5ден/ 11.03.18 (недела)  МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме целодневна факултативна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за посета на казината. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.


6ден/ 12.03.18 (понеделник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови. 


   Цена на аранжманот 199€ / 12.330мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;
  • - Сместување во Милано во хотел  B&B Hotel Milano Sesto Marelli 3*, на база 1 ноќевање со појадок;
  • - Сместување во Ница во хотел Kyriad Nice Port 3*, на база 2 ноќевања со појадок;
  • - Разглед на Ница и Монако;
  • - Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар;
  • - Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Патничко осигурување (групно, без франшиза) - 5€;
  • Разглед на Милано со локален водич - 10€;
  • Посета на Ез, Монако и Монте Карло - 20;
  • Посета на Кан и Сент Тропез - 30;
  • Туристичка такса во Милано (3-5€ по лице на ден);
  • Туристичка такса во Ница (1€ по лице на ден);
  • Влезници за културно историски споменици, музеи;
  • Билети за јавен превоз.

Напомена: 
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси