TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Атина

термин: 07.03-2 ноќи | 109 /6.760мкд

 

А Т И Н А


Атина - град посветен на божицата Атина, по која го добил името, која е  и негова заштитничка. За историјата на човештвото е значајна бидејќи тука се поставени темелите на парламентарната демократија и слободните избори. Но сепак, прва асоцијација при спомнувањето на Атина е Акропол со Партенон, како најголем и најзначаен храм кој доминира со Атина две и пол илјади години.  Атина е секогаш доживување, посебно во ноќните часови. Затоа ви ја нудиме можноста да ја почувствувате магијата на  грчката престолнина, што ќе го направи вашиот престој незаборавен.

 


Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 8-ми март 2018
 



1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - АТИНА
Состанок на групата на паркингот на салата Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  АТИНА
Пристигнување во Атина во утринските часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно). Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција - Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена - Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон. Во вечерните часови предлагаме вечера во таверна. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 10.03.18 (сабота)  АТИНА - ПИРЕЈА - СУНИОН - СКОПЈЕ
Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.


5ден/ 11.03.18 (недела)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.


Цена на аранжманот:  109€ / 6.760мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации;
  • - Сместување во хотел со 3* во Атина на база 2 ноќевања со појадок;
  • - Професионален лиценциран придружник за време на патувањето;
  • - Организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Посета на Пиреа и Сунион - 10€;
  • - Организиран разглед на Атина со локален водич - 10€;
  • - Факултативна посета на Пелопонез, Микена и Епидариус - 30€;
  • - Вечера во таверна - 35€;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 160мкд
  • - Влезници за локалитети и други факултативни посети како и индивидуални трошоци;

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси