TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Будимпешта

 термин: 07.03-2 ноќи 99 / 6.130 мкд 


Б У Д И М П Е Ш Т А

со факултативна посета на БРАТИСЛАВА

 

 

 

Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 8-ми март 2018 



1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок со групата во 16:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта (800км) во 17.00 ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта препорачуваме крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  БУДИМПЕШТА - БРАТИСЛАВА
Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава (факултативно). *За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивидуално. Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки. Во договорено време враќање во Будимпешта. Вечерта можност за факултативна посета на ресторан Чарда (традиционален Унгарски ресторан со вклучено мени). Враќање во хотел. Ноќевање. 


4ден/ 10.03.18 (сабота)  БУДИМПЕШТА 
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа , во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. После посетата на Сент Андреа, се упатуваме во посета на еден од најголемите шопинг центри – Арена Плаза. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.


5ден/ 11.03.18 (недела)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.


 Цена на аранжманот: 99€ / 6.130мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации;
  • - Сместување во хотел Veritas 3* во Будимпешта, на база 2 ноќевања со појадок;
  • - професионален туристички пратител за време на целото патување;
  • - Организација и реализација  на аранжманот.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Крстарење со брод по Дунав - 15€;
  • - Разглед на Будимпешта со локален водич - 10€;
  • - Посета на традиционален ресторан Чарда - 25€ (мин. 25 лица за реализација);
  • - Факултативна посета на Братислава со локален водич - 25€ (мин. 30 лица за реализација);
  • - Посета на Сент Андреа - 10€ (мин. 25 лица за реализација);
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 160мкд;
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси