TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Венеција - Верона - Трст

термин: 07.03-2 ноќи | 129 / 7.990 мкд

 

В Е Н Е Ц И Ј А

Верона & Трст

 

 

 

 Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 8-ми март 2018



1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - ТРСТ
Состанок со групата во 14:30 ч. и поаѓање во 15:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  ТРСТ - ПАЛМАНОВА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Palmanova Outlet Village. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Појадок. После појадокот заминување на разглед на ВЕНЕЦИЈА со брод од Пунта Сабионе. Панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде ... Враќање во Лидо ди Јесоло.Вечерта можност за посета на национален ресторан со забава и жива музика. Ноќевање.

 


4ден/ 10.03.18 (сабота)  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕРОНА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот заминување за ВЕРОНА. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот,плоштадите Бра и Ебре... слободно време за прошетка низ Верона и можност да пробате оригинална италијанска пица. Поаѓање за Скопје во попладневните часови.


5ден/ 11.03.18 (недела)  СКОПЈЕ  
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


Цена на аранжманот: 129€ / 7.990мкд 


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел Miami 3* на база 2 ноќевања со појадок во Лидо Ди Јесоло;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Венеција: брод + превоз + локален разглед: Лидо Ди Јесоло - Венеција - Лидо Ди Јесоло - 25€;
  • - Посета на национален ресторан (вклучено мени - вечера) - 25€;
  • - Задолжителна посета и разглед на Верона со локален водич - 10€;
  • - Влезници за културно-историските знаменитости;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 160мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси