TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Прага - Париз - Минхен

термин: 07.03 - ноќи |289 / 17.910мкд

Градот на светлината ПАРИЗ 

(Виена - Прага - Париз - Минхен - Салцбург)

Сместен во прегратките на Сена, градот на светлината, љубовта, уметниците и музеите. Од величенствената Ајфелова кула и таинствениот Лувр, до неодоливиот мирис на француски кулинарски специјалитети кои ви ги опиваат сетилата, па се до прошетките по мостовите на Сена “Градот на светлината” навистина ве инспирира. Полн со гламур и културни знаменитости. Престолнина на светската мода.

 

  

 Автобус 9 дена - 4 ноќи / термин: 8-ми март 2018

1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок на групата во 11.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виенa во 12.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење


2ден/ 08.03.18 (четврток)  ВИЕНА-ПРАГА
Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  ПРАГА 
Појадок. Претпладне, предлагаме панорамско разгледување на Прага: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашката кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава. Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење. 


4ден/ 10.03.18 (сабота)  ПАРИЗ
Во утринските часови пристигнување во Париз   - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро).  Ноќевање.  


5ден/ 11.03.18 (недела)  ПАРИЗ ( замокот Версај и Лувр)
Појадок.  Претпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич : Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Веднаш потоа,  посета на некогашниот кралски дворец, денес музеј - Лувр. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да  крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Враќање во хотел. Ноќевање.


6ден/ 12.03.18 (понеделник)  - ДИЗНИЛЕНД - МИНХЕН
Појадок. Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски парка или прекрасна прошетка низ нов прекрасен град како од бајките Val de Europe – шопинг центар со сите можни брендови и бутици од Париз. Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на Триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен (840km). Ноќно возење.


7ден/ 13.03.18 (вторник)  МИНХЕН
Пристигнуваме во утринските часови. Претпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне…Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици).  Ноќевање.             


8ден/ 14.03.18 (среда) - САЛЦБУРГ 
Појадок. Патувањето продолжува кон Салцбург  каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел: Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Словенија, Хрватска, Србија.


9ден/ 15.03 (четврток) - СКОПЈЕ   Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


 Цена на аранжманот: 289€ / 17.910мкд 


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации;
  • Сместување во хотел со 3* во Прага (околина) на база на 1 ноќевање со појадок;
  • Сместување во хотел Ibis Styles Saint Ouen 3*  во Париз (околина) на база на 2 ноќевања со појадок;
  • Сместување во хотел Mercure München Ost-Messe 3* во Минхен (околина) на база на 1 ноќевање со појадок;
  • Прошетка низ Виена, Минхен и Салцбург;
  • Организација и реализација на аранжманот;
  • Професионален придружник за време на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително осигурување - 300мкд
  • Разглед на Прага со локален водич - 10€
  • Крстарење по В'лтава -15€
  • Разглед на Париз со локален водич -15€
  • Версај (превоз,влезница,локален водич) - 45€ (задолжителна резервација при уплата)
  • Лувр (влезница) - 20€
  • Крстарење по Сена - 15€
  • Срцето на Париз -10€
  • Дизниленд - цена за влезница + 20€ превоз
  • Билети за градски превоз во Прага, Париз и Минхен

Напомена: 

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
- Пасошот мора да има важност од минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот.
- Уплата исклучиво во денари. 


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси