TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Прага

термин: 07.03-3 ноќи | 139 / 8.610мкд


ПРАГА со посета на ВИЕНА

Факултативна посета на Карлови Вари

 

 

 Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 8-ми март 2018 



1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок со групата во 14:30ч. на паркингот пред спортски центар Борис Трајковски и поаѓање за Прага   во 15.00ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  ПРАГА
Пристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативно можност за крстарење по реката Влтава или слободна вечер за индивидуални активности, прошетки, шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  ПРАГА
Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито….Слободно попладне и факултативна можност за крстарење по реката В'лтава. Враќање во хотел во договорено време. Вечерта факултативна можност за посета на традиционален чешки ресторан. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 10.03.18 (сабота)  ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ - ПРАГА
Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Враќање во хотел. Ноќевање.


5ден/ 11.03.18 (недела)  ПРАГА - ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Попладневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


6ден/ 12.03.18 (понеделник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.


Цена на аранжманот: 139€ / 8.610мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел Top Hotel 4* во Прага, на база 3 ноќевања со појадок;
  • - Организиран разглед на Виена;
  • -  Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Крстарење по В'лтава - 15€;
  • - Организиран разглед на Прага со локален водич - 10€;
  • - Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич - 25€ (мин. 30 лица за реализација);
  • - Посета на традиционален чешки ресторан со готски игри и забава - 35€ (мин. 20 лица за реализација);
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 220мкд;
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


Oпис на факултативите

Посета на Карлови вари
Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла, на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле. Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура, познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“, како и термалните извори во колонадата „Спрудел“. Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници: Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем, ванила).


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси