TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Фиренца - Сиена - Чинкве Тере

термин: 07.03-3 ноќи |189€ / 11.710мкд

 

Ф И Р Е Н Ц А


организиран разглед на МОНТЕКАТИНИ - ФИРЕНЦА - ПИЗА
факултативни посети на СИЕНА - ЧИНКВЕ ТЕРЕ - САН ЏИМИЊАНО
 


  Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 8-ми март 2018 



1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - МОНТЕКАТИНИ
Состанок на групата во 12:30ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 13.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  МОНТЕКАТИНИ - ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
Пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови организирана посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  МОНТЕКАТИНИ - ЧИНКВЕ ТЕРЕ (Cinque Terre) - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. После појадокот заминување (08:00ч.) на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разглед на  регионот со локален водич. Пристигнување во градот La Speziav од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите живописни  туристички центри. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.


4ден/ 10.03.18 (сабота)  МОНТЕКАТИНИ - СИЕНА - САН ЏЕМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставувал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio... Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano, типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.


5ден/ 11.03.18 (недела)  МОНТЕКАТИНИ - ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот (08:00) заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити...Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.


6ден/ 12.03.18 (понеделник)  СКОПЈЕ 
Пристигање во Скопје во вечерните часови.


Цена на аранжманот: 189€ / 11.710мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената дестинација;
  • - Сместување во хотел  Manzoni 4* во Монтекатини, на база 3 ноќевања со појадок;
  • - Организиран разглед на Пиза;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, карта за воз, користење на wi-fi, локален водич) - 45€;
  • - Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) - 45€;
  • - Организиран разглед на Фиренца со локален водич - 10€;
  • - Туристичка такса во хотел во Монтекатини (се плаќа на рецепција 1-3€ на ден);
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 220мкд;
  • - Индивидуални трошоци. 

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.

 

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси