TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Швајцарија

термин: 06.03-5 ноќи | 369 / 22.870мкд

 

Ш В А Ј Ц А Р И Ј А

ВЕРОНА - ЛУЦЕРН - ЦИРИХ - БЕРН - ЖЕНЕВА - МОНТРЕ - ЛОЗАНА - НИОН 

 

Автобус | 8 дена - 5 ноќи / термин: 8-ми март 2018 



1ден/ 06.03.18 (вторник)  СКОПЈЕ - ВЕРОНА
Состанок на групата во 13:30 ч. на паркингот пред спортски центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ и поаѓање за Верона (1300км) во 14:00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 07.03.18 (среда)  ВЕРОНА
Пристигнување во Верона. Разглед на градот: Градските ѕидини, Гробот на Јулија, Плоштад БРА, Општинската зграда, Офицерскиот Дом – Театарот, Арената (Колосеум), виа Мацани, куќата на Јулија, Плоштад Ебре и најстариот пазар во Верона, Столбот на срамот, Плоштадот Сињори, Старата прокуратоура и затворот, Гробот на фамилијата Дела СкалаСлободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Верона. Во попладневните часови сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 08.03.18 (четврток)  ЦИРИХ  (Швајцарија)
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Цирих, Швајцарија, Пристигнување во пладневните часови во Цирих. Разглед на градот локален водич (факултативно): Стариот град - Niederdorf, Grossmunster – стара романска црква од  1519 год., Fraumunster – стара готска црква од 853, Lindenhof - живописно брдо со тесни улички, Landmuseum – музејскиот кварт, железничката станица... Слободно попладне за индивидуални прошетки. Препорачуваме Bahnhofstrasse (најпознатата и најголема шопинг улица во Швајцарија), Schanzengraben (мал канал кој води од железничката се до Циришкото Езеро), познатата циришка променада покрај езерото... Во поладневните часови сместување во хотел. Ноќевање.


4ден/ 09.03.18 (петок)  ЦИРИХ - ЛУЦЕРН -  ЦИРИХ
Појадок. После појадокот можност за факултативена посета на Луцерн. Разглед на градот: Градското пристаниште на едно од најубавите езера во Швајцарија, Луцерншко Езеро, познатиот културен центар KKL, најстариот мост Капелбруцке, катедралата Jesuitenкirche, Градското Собрание, мостот близнак на Капел Бруцке (со кој биле обележани границите на стариот град), Стариот град и неговите живописни улички, градските ѕидини од каде има прекрасна панорама на градот, монументалниот споменик на Швајцарската гарда – Луцерншкиот ЛАВ, продолжуваме покрај старата Швајцарска Куќа (ресторан), катедралата Св. Леодгер... Слободно попладне за индивидуални активности во центарот на градот, како и можност за прошетка на променадата и уживање покрај Луцерншкото езеро и прекрасните планински пејзажи. Во попладневните часови враќање во хотел. Ноќевање.


5ден/ 10.03.18 (сабота)  ЦИРИХ - ЖЕНЕВА
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Патувањето продолжува кон Женева. Разглед на градот Женева: палатата на Обединети Нации, мостот Мон Блан, монументалниот споменик Brunswick, Англискиот парк, фонтаната JetDEau, прошетка низ стариот град, градската катедрала СВ.Петар, Кантон - Парламентот... Слободно време за индивидуална прошетка и фотографирање со една од најпознатите фонтани во светот. Сместување во хотел. Можност за посета на центарот на Женева (со јавен превоз во договор со водичот), прошетка по променадата на Женевско Езеро, Стариот град. Враќање во хотел. Ноќевање.


6ден/ 11.03.18 (недела)  МОНТРЕ - ЛОЗАНА - НИОН
Појадок. После појадокот можност за целодневен факултативен излет на Монтре, Лозана, Нион. Посета на монденското место Монтре, можност за прошетка по бреговите на Женевското Езеро, познатата променада на која има повеке од 150 различни видови на растенија и спомен бистата на Фреди Меркјури, низ центарот на Монтре и посета на замокот Шилон. Потоа патувањето продолжува по бреговите на езерото кој нуди единствена глетка, од вашата лева страна Женевското Езеро и погледот на француските Алпи, додека пак од десната страна импозантен поглед кон пространите лозови насади. Патувањето продолжува кон Лозана, главниот град на кантонот Ваду. Прошетка низ градот во кој се наоѓа Меѓународниот Олимписки Комитет и прошетка низ центарот на Стариот град: готската катедрала NotreDame, Дворецот Св. Мариа, Музјскиот комплекс Румине, Плоштад Рипон, црквата Св. Франсис, уметничкиот шопинг кварт Флон... Прошетката продолжува покрај езерото. Слободно време за индивидуална прошетка и фотографирање покрај Олимпискиот Музеј, замокот  d'Ouchy, пристаништето. Потоа поаѓање за Нион, кратка прошетка  низ центарот на градот, пристаништето и замокот deNyon. Поаѓање за Женева, враќање во хотел. Ноќевање.  


7ден/ 12.03.2018 (понеделник)  ЖЕНЕВА - БЕРН - ШТААД - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Попатна посета на ШТААТ - САНЕНЛАНД (во срцето на швајцарските Алпи), луксузен, еминентен, елитен ски центар. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на градчето. Попатно се застанува во локална фарма каде се произведува вкусен алпски кашкавал, можност за дегустација и купување на истиот. Поаѓање за Берн -културно политички и економски центар и главен град на Швајцарија. Прошетка низ центарот на градот, слбодно време. Во попладневните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Италија, Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и пасошка и царинска контрола.


8ден/ 13.03.18 (вторник)  СКОПЈЕ
Во вечерните часови пристигнување во Скопје


Цена на аранжманот: 369€ / 22.870мкд 


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената дестинација;
  • - Сместување во хотел со 3* во Верона или околина на Верона, на база 1 ноќевање со појадок;
  • - Сместување во хотел со 2*/ 3* во Цирих, на база 2 ноќевања со појадок;
  • - Сместување во хотел со 2*/3* во Женева, на база 2 ноќевања со појадок;
  • - Организирани разгледи на градовите според програмата;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Целодневна факултативна посета на Луцерн - 45€;
  • - Целодневен факултативен излет Монтреу, Лозана, Нион - 50€;
  • - Разглед на Цирих со локален водич - 10€;
  • - Метро и автобуски карти за јавен превоз;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 250мкд;
  • - Туристичка такса во хотелите во Швајцарија (се плаќа на рецепција);
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена: 
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

 

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси