TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Виена

термин: 07.03-2 ноќи | 139 / 8.610мкд

 

В И Е Н А

 

   

  
 Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 8-ми март 2018

 

1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.30 ч. и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  ВИЕНА 
Пристигнување во претпладневните часови во Виена и  панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург...  По завршување на разгледот сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  Виенски шуми - шопинг SCS
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри SCS. Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на некоја од локалните пивници во центарот на градот (индивидуално). Ноќевање.


4ден/ 10.03.18 (сабота)  Шенбрун
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). Подоцна слободно време за ручек и индивидуални активности низ центарот на градот. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 11.03.18 (недела)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови. 


Цена на аранжманот: 139€ / 8.610мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус до дадената дестинација;
  • - Сместување во хотел во Виена со 3*, на база на 2 ноќевања со појадок;
  • - Професионален туристички придружник;
  • - Организација, реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • - Влезница за дворецот Шенбрун (превоз+влезница+локален водич) - 30€;
  • - Разглед на Виена со локален водич - 10€;
  • - Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич - 25€ (мин. 25 лица за реализација);
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 160мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 7 дена пред поаѓање.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето. 
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


 ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИТЕ 

Дворецот ШЕНБРУН
Дворецот Шенбрун  е еден од најважните културни споменици во Австрија и е една од најголемите туристички атракции во Виена. Палатата и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на Хабсбуршка династија. Со Империјал турата се посетува внатрешноста на палатата. Турата трае 35 минути и се посетуваат 22 соби. Се посетуваат собите на императорот Франц Јозеф и неговата сопруга Елизабет и останатите прекрасни соби украсени во рококо стил. Со оваа тура може да се доживее луксузниот сјај на Големата галерија, ориенталниот шарм на кинеските кабинети, како и зачудувачки скромниот стил на декорација во приватниот апартман императорот Франц Јосиф. Денес Шенбрун е посетуван од повеќе од 5 милиони туристи годишно.


Дворецот БЕЛВЕДЕРЕ
Белведере е името на комлексот барокни палати во Виена, подигнати од австрискиот принц Еуген Савојски во третата област на Виена кој се вика Ландштрасе. Комплексот се наоѓа југоисточно од стариот градски центар, а во соседство ми е палатата Шварценберг. Палатите Горен Белведере и Долен Белведере, со придружниот парк, го формираат едно од најубавите места на светот. На оваа факултатива се посетува само Горниот Белведере. Планот за изгрдба на Горниот Белведере во сегашна форма е земена од првичната идеја од изградбата на Gloriette (видиковецот од дворецот Шенбрун) – ‘‘прекрасен поглед на градот‘‘. Денес комплексот Белведере е претворен во музеј во која работи Австриската галерија Белведере.  Во галеријата се наоѓаат уметнички дела на многу познати уметници, но најпосетена е познатата слика Бакнеж - Der Kuss од Густав Климт.


БАДЕН – Виенските шуми 
Факултативата трае околу 4 часа. Најнапред се посетува Seegrotte – разглед на некогашниот рудник и поранешната фабрика за авиони на Хитлер кои се наоѓаат на првото ниво. На второто ниво се наоѓа подземно езеро. Во факултативата е вклучена и прошетка низ езерото со чамец. ‘‘Големото езеро‘‘ се наоѓа на 60м подземна надморска височина и е познато како најголемото подземно езеро во Европа. Површината на водата е околу 6.200 м² и просечна длабочина од 1,20 м. Најдлабоката точка на езерото е 12 м. Езерото е полни од 7 извори, но не може природно да се исцеди, затоа е потребно секоја вечер да се испумпува за да одржи нивото на водата. По разгледот на Seegrotte се заминува за Heiligenkreuz. Heiligenkreuz  е прекрасен Цистериански манастир во близина на Виена. Heiligenkreuz е втор најстар Цистериански манастир во светот и исто така се води како најстар населен манастир. Манастирот во септември 2007 е благословен со официјална посета на Папата Бенедикт XVI. За време на посетата на манасторот има можност за кафе пауза во локалниот црковен ресторан, каде што исто така може да се проба манастирска супа и домашно манастиско вино. Од таму се заминува на посета на живописното градче Баден кое се наоѓа на подножјето на Виенските шуми. Попатно има прекрасен поглед на Виенските виногради. Баден е познат по тоа што во минатото бил многу познат бански центар каде што Автриската аристократија го поминувала своето слободно време. Денес сите хотели што се во Баден располагаат со СПА центри во кои има термална вода. Во Баден исто така се наоѓа и Grand Casino Baden. Културата од секогаш е негувала во Баден. Познатите композитори Моцарт и Бетовен доаѓале во овој град за да добијат инспирација и да ги напишат своите најголеми дела. Јохан Штраус постојано имал концерти во Баденскиот спа парк. По разгледот на градот се дава слободно време за да можат патниците да уживаат во овој навистина прекрасен град.


Виена разглед со локален водич - Панорамскиот разглед на градот каде што се гледаат најголемите знаменитости на Виена: Белведере, Пратерот со неговото панорамски тркало, новиот дел на Виена каде што се наоѓа канцеларијата на Обединетите Нации, Дунавската кула, Ринг булеварот со Операта, споменикот на Гете, споменикот на Моцарт, споменикот на Штраус, Парламентот,  Rathaus собранието... Се симнуваме на плоштадот на Марија Терезија од каде што го започнуваме пешачкиот разглед на градот. 

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси