TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Милано

термин: 07.03-3 ноќи | 189 / 11.710мкд


М И Л А Н О


со факултативен излет до
Комо и Лугано (Швајцарија) 

 

Милано, главниот град на Ломбардија, има население од 1,3 милиони луѓе. Тој е најголемиот индустриски град на Италија со многу различни индустриски сектори. Тоај е магнетна точка за дизајнери, уметници, фотографи и модели. Милан има антички дел во центарот на градот со високи згради и интересни palazzos, која е причината зошто толку многу луѓе од целиот свет сакаат да го видат градот на гламур. Милано отсекогаш бил богат и значаен град. Тој отсекогаш бил место полно со разни познати уметници и нуди посебен асортиман на цркви, згради и споменици. Милано претрпел промена на културата и уметноста во ренесансата со голем придонес во периодот од неокласицизам. Милано нуди голем број на згради, споменици и музеи. Најважната црква е катедралата, која е трета по големина црква во светот.
 

 

  Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 8-ми март 2018 



1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - МИЛАНО
Состанок на групата во 12:30 часот и поаѓање за Милано во 13:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/08.03.18 (четврток)  МИЛАНО
Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри... Можност да пробате традиционални италијански специјалитети во некој од локалните ресторани (индивидуално со локален превоз со пратителот на групата). Враќање во хотел. Ноќевање. 


3ден / 09.03.18 (петок)  МИЛАНО
Појадок. После појадокот следи факултативен организиран разглед на Милано: Миланската катедрала, операта, галеријата Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе...  Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел... Слободна вечер и можност за прошетка низ центарот на градот. Ноќевање.


4ден/ 10.03.18 (сабота)  ЛУГАНО - КОМО
Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico... Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано(60km). Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со локален превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.


5ден/ 11.03.18 (недела)  МИЛАНО - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот аутлет шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


6ден/ 12.03.18 (понеделник)  СКОПЈЕ
Пристигање во Скопје во претпладневните часови. 


Цена на аранжманот: 189€ / 11.710мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената дестинација;
  • - Сместување во хотел IH Hotels Milano Gioia 4* во Милано, на база 3 ноќевања со појадок;
  • - Организиран разглед на Верона;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Факултативен излет на Лугано и Комо - 35€;
  • - Организиран разглед на Милано со локален водич - 10€;
  • - Туристичка такса за ноќевање во Милано (3-5€ по ноќ, се плаќа во хотелот);
  • - Влезници за културно-историските знаменитости;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 220мкд;
  • - Индивидуални трошоци. 

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси