TA Mediteran

Автобуски програми

8-ми МАРТ / Минхен - Дворците на Баварија

термин: 07.03-3 ноќи|209 / 12.950мкд

 

М И Н Х Е Н

Дворците на Баварија

 

Минхен – Баварска “Метропола со душа”, еден од најубавите градови во Германија, културен и боемски центар, град со бројни историски споменици кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах, многубројни ремек дела од модерната технологија и архитектура како што е и познатата Алианс – Арена. Светски центар на саеми, град на пивници и Октоберфест кои ги обврзуваат посетителите да ја осетат типичната баварска атмосфера со свежо точено пиво и коленица.

Дворци во Баварија – На ексцентричниот баварски крал Лудвиг II му пошло од рака од осум века собраното државно и семејно богатство на династијата Вителсбах да го потроши за краток временски период градејќи ги дворците од соништата: Ноешванштајн, Линдерхоф, Херенкимзе. Поради нивното градење кое ја доведе државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен. Парадоксално, овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милион туристи сеуште го враќаат долгот на државата.

Салцбург – “Рим од северот”, седиште на моќната надбискупија и роден град на В.А. Моцарт, својата позиција на реката Салцах и единствената ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа.

 

 

 Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 8-ми март 2018 



1ден/ 07.03.18 (среда)  СКОПЈЕ - САЛЦБУРГ
Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 12.30 ч. и поаѓање за Салцбург во 13:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 08.03.18 (четврток)  САЛЦБУРГ
Пристигнување во Салцбург во утринските часови. Разглед на градот, пешачка тура: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.


3ден/ 09.03.18 (петок)  МИНХЕН
Појадок. Напуштање на хотел и заминување за МинхенПристигнување во Минхен во претпладневните  часови. Разглед на градот (факултативно): Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен.Сместување во хотел. Во вечерните часови фалултативна посета на пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 10.03.18 (сабота)  МИНХЕН - ЛИНДЕРХОФ - ОБЕРАМЕРГАУ - НОЕШВАНШТАЈН - МИНХЕН
Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау (90km ), светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II  за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил, а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ..... Враќање во хотел.. Ноќевање 


5ден/ 11.03.18 (недела)  МИНХЕН - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, попатна посетана на најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе, во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, е и истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. После посетата на палатата и музејот Лудвиг II. Во попладневните часови заминување за Скопје. 


6ден/ 12.03.18 (понеделник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


Цена на аранжманот: 209€ / 12.950мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената дестинација;
  • - 2 ноќевања со појадок во хотел Austria Trend Hotel Mitte 3* во Салцбург;
  • - 1 ноќевање со појадок во хотел Mercure München Ost-Messe 3* во Минхен;
  • - Разглед на Салцбург;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Задолжителна доплата од 50 за влезница за дворците: Херекимзе, Ноешванштајн и Линдерхоф (со трошоците за резервација) и карта за брод Приен-Херекимзе-Приен;
  • - Разглед на Минхен со локален водич - 10€;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 220мкд;

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси