TA Mediteran

Авионски програми

Нова 2019 Година | Израел и Јордан

термин: 28.12-6ноќи | 999/61.938мкд


И З Р А Е Л  и  Ј О Р Д А Н

 


Авион | 7 дена - 6 ноќи / термин: 28 декември 2018



1ден/ 28.12.18 (петок)  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - ТЕЛ АВИВ - НЕТАНИЈА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:55 часот и полетување од аеродромот во Скопје во 08:55 часот. Слетување на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во 19.20 часот. Трансфер и пријавување  во хотел во Нетанија. Вечера. Ноќевање.


2ден/ 29.12.18 (сабота)  ГАЛИЛЕЈСКО ЕЗЕРО - НАЗАРЕТ - ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ШЕИК ХУСЕИН - ЈОРДАН
Појадок. По појадокот заминување со автобус до Назарет – местото каде што Исус го поминал своето детство, посета и разгледување на Црквата на Благовештението. Следи посета на Кана Галилејска, местото на првото чудо на Исус Христос, претворање на водата во вино. Продолжување на патувањето кон Капернаум, центар на дејноста на Исус Христос. Тука се наоѓаат остатоците од античката синагога и урнатините на куќата на Св. Апостол Петар. Заминување кон Табха, местото на "Чудото со умножувањето на рибите и лебот" и можност да го погледнете мозаикот од византиската базилика од 5 век. Возење до граничниот премин Шеик Хусеин – преминување на границата од Израел во Јордан, возење до Аман. Сместување во хотел во Аман. ВечераНоќевање.


3ден/ 30.12.18 (недела)  АМАН - ПЕТРА 
Појадок. Заминување на екскурзија јужно од Аман, каде ќе се посетат Мадаба и планината Небо највисока во опсегот Моабит, кој бил центар за аџилак од најраните христијански времиња. Мадаба, библискиот град познат по најдобрите византиски мозаици во светот, вклучувајќи го и познатиот мозаик Картата на Мадаба од 6-от век, мозаик од два милиони обоени камчиња на кој е прикажана мапа на Ерусалим и „Светата Земја“, кој се наоѓа во црквата Св. Ѓорѓија. Потоа следи возење по кралскиот автопат преку реката Вади Ал Муџиб (Wadi al-Mujib) која длабоко и величествено сече низ карпестите висорамнини пред да се влее во Мртвото Море. Продолжување на патување кон Керак и посета на Замокот на крстоносците Керак, кој се наоѓа на јужната страна на градот Керак, 124км јужно од Аман. Замокот Керак првично бил изграден во периодот на крстоносците, подоцна е проширен и зајакнат за време на владеењето на династијата Ајубиди (Ayyubid) и султанатот Мамлук (Mamluk). Потоа продолжување на патувањето кон Петра. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


4ден/ 31.12.18 (понеделник)  ПЕТРА - АМАН  ***НОВА ГОДИНА 2019

Појадок. Заминување на целодневна екскурзија до „Изгубениот град” Петра, престолнината на Набатејците - избрана како едно од новите седум светски чуда во 2007г. По пристигнувањето започнува незаборавно патување со јавање на коњ, па потоа пеш низ кањонот додека стигнеме до Трезорот.

Градот е сместен во вдлабнатата планинска долина Вади Муса (долината на Мојсеј). Розевоцрвеникавиот град Петра бил најпросперитетен важен премин на некогашните трговски патишта. Петра е обиколен од високи планини и до него се стигнува преку тесни патеки. Неговите впечатливи згради, кои се издлабени во карпи, се зачувани недопрени. Време е за разгледување на Каснех ал-Фарун (Ризницата), многубројните скалести гробници, амфитеатарот, Триумфалната капија, карденот со колонадите. После тоа враќање назад во хотелот во Аман  ноќевање и факултативна ***Незадолжителна  новогодишна прослава во локален ресторан во Аман – цена по лице: 80€.


5ден/ 01.01.19 (вторник)  АМАН - МОСТОТ АЛЕНБИ - ВИТЛЕЕМ
Појадок. По појадокот, преминување од Јордан во Израел преку граничниот премин Аленби и заминување кон Каср ал Јахуд (Qasr al-Yahud) – местото на крштевање на бреговите на реката Јордан, местото каде што според традицијата, Исус бил крстен од Јован Крстител. Следува Јерихон - град кој се наоѓа на најниска надморска височина и еден од најстарите градови во светот. Застанување да се види смоквиното дрво на Св. Апостол Закхеј, па следува разглед на  на Манастирот на искушенијата, лоциран во карпите, каде Исус Христос постел и се молел четириесет дена и четириесет ноќи. Возење покрај бреговите на Мртвото Море, место со најниската надморска височина во светот. Продолжување на патувањето до Мртвото Море; уживајте во уникатната можност да пливате во Мртвото Море и да ја пробате калта богата со минерали за која многумина веруваат дека има терапевтски ефекти. Заминување кон Витлеем. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.


6ден/ 02.01.19 (среда)  ЕРУСАЛИМ - СТАРИОТ ГРАД 
Појадок. Заминување кон Маслиновата планина (маслинова Гора) од каде се пружа панорамски поглед на градот.  Продолжуваме кон брдото Сион (градот на Давид), каде се наоѓаат гробот на кралот Давид и собата на Тајната Вечера и Црквата Успение на Пресвета Богородица. Пешачки разглед на Стариот град на Ерусалим: ќе поминете низ ерменските и еврејските населби до неодамна ископаниот и обновен Кардо, Римскиот пат, посета на Ѕидот на Плачот, единствената структура која е останата од Ерусалимскиот Храм на Соломон, и продолжуваме кон Христијанската населба. Продолжуваме кон Виа Долороса (лат. Патот на Болката), улицата по која во древниот Ерусалим Исус Христос минувал со крстот до местото на распнувањето – Голгота, па посета на Базиликата на Светиот Гроб, наречена и Црква на Воскресението - најсветото место за Христијанскиот свет, каде Исус е распнат, погребан и од каде воскреснал. Враќање во хотел во Витлеем. Вечера. Ноќевање.


7ден/ 03.01.19 (четврток)  ЕРУСАЛИМ - НОВИОТ ГРАД - ВИТЛЕЕМ - БЕН ГУРИОН
Појадок. Посета на местото на раѓање на Исус Христос во Витлеем и посета на базиликата ,,Рождеството Христово’’, која е изградена во чест на тој настан и е најголема знаменитост на градот. Продолжуваме со  посета на Јафа и Тел Авив. Следи возење низ главните улици на Тел Авив, центар на бизнисот и забавата во Израел, исто така познат како "Белиот град" и прогласен од УНЕСКО како светско културно наследство. Застануваме на плоштадот Рабин, местото на атентатот на премиерот Јицак Рабин. Продолжуваме до Јафа, еден од најстарите градови на Блискиот Исток, кој се наоѓа на височинка, од каде се пружа прекрасeн поглед кон брегот на Тел Aвив и неговите плажи, град стар 8000 години. Посета на античките урнатини и прошетка по реставрираната уметничка населба. Ќе поминеме покрај Неве Цедек, првата населба во Тел Авив, изградена во 1887 година. 
Во 17:00 часот продолжуваме со трансфер кон аеродромот Бен Гурион. Лет за Скопје преку Истанбул после полноќ во 01:00 часот. Слетување на аеродромот во Скопје во 08:00 часот.


 


Вид на сместување

Услуга

28.12-03.01.2018

 DBL /2+0/ 

HB

999€
 SNGL room /1+0/ 1099
 Деца до 2 години бесплатно
 Деца (2-11г) со двајца возрасни 859
 Возрасен на дополнително легло

899

 


Програма:

  • Назарет (домот на Христос); 
  • Кана Галилејска (првото Христово чудо); 
  • Аман (главниот град на Хашемитско Кралство Јордан); 
  • Небо (Мојсеј и неговиот поглед кон Ветената земја); 
  • Мадаба (волшебниот град на мозаиците); 
  • Петра (едно од седумте нови светски чуда); 
  • Вади Муса (Долината на Мојсеј);  
  • Мртвото Море (време за плажа и релаксација); 
  • Витлеем (црквата Рождество Христово); 
  • Ерусалим (Божји гроб, Сион, Гетсиманија, Ѕидот на плачот); 
  • Тел Авив ("Белиот град").

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Авионски билет Скопје - Тел Авив - Скопје со вклучен багаж;
  • - 1 ноќевање со појадок во Нетанија, хотел 3 *;
  • - 1 ноќевања со појадок и вечера во Аман, хотел 3 *;
  • - 1 ноќевање со појадок и вечера во Петра, хотел 3 *;
  • - 1 ноќевања со појадок  во Аман, хотел 3 *;
  • - 2 ноќевања со појадок и вечера во Витлеем, хотел 3 *;
  • - Претставник од агенција;
  • - Луксузен автобус со бесплатен WI-FI во Израел;
  • - Сите трансфери на програмата;
  • - Сите екскурзии во програмата;
  • - Влезни билети за објекти во програмата;
  • - Сертфикат за аџилак;
  • - Водич  кој ја придружува групата за време на целиот престој.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси од 162€;
  • - Новогодишна Гала вечера – цена по лице: 80€;
  • - Бакшиши - 55$ на турист во текот на целото патување;
  • - Гранични такси - 45$;
  • - Сите оброци кои не се споменати во програмата;
  • - Лични трошоци. 

Услови за резервација:

  • Начин на плаќање: депозит 50% (неповратен во случај на откажување).
  • Копија од пасош со важност од 6 месеци од датумот на враќање.
  • Доплата на аранжманот 30 дена пред датумот на поаѓање.
  • Минимален број на туристи за остварување на екскурзијата: 16 патници.
  • Рок за известување при недостигнување на миналниот број туристи: 7 дена пред датумот.
  • Потребни документи: пасош; нема виза, санитарни и медицински барања.

Рокови за откази и казни:

  • - меѓу 59-тиот и 30-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува големината на уплатениот депозит;
  • - меѓу 29-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се уплаќа 50% од вредноста на аранжманот;
  • - меѓу 19-тиот и 10-тиот ден пред датумот на поаѓање се уплаќа 80% од вредноста на аранжманот;
  • - кај помалку од 10 дена се уплаќа 100% од вредноста на аранжманот.

Пакетната цена е пресметена по курс 1 USD = 52.3мкд. При промена на девизниот курс со повеќе од 5% во периодот до почетокот на туристичкото патување, агенцијата го задржува правото за прекалкулирање на цената на аранжманот, согласно промената на девизниот курс.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси