TA Mediteran

Авионски програми

Нова 2019 Година | Њујорк

термин: 27.12-7ноќи | 1389/86.118мкд


Њ У Ј О Р К

 

 "Њујорк, Њујорк", инспирација, еден фасцинантен шарм, големи светла, “бетонска  џунгла”, каде што се остваруваат  соништата, кокетен, бескрајно привлечен, од своето основање до денес. Овде е се она што пред посетата на Њујорк сме можеле да го видиме на телевизија и филмови со кои сите сме пораснати, облакодерите во Менхетен, заводливите излози на Tiffany & Co., жолтите такси возила, Централ Парк во кој многу уметници нашле инспирација. Држава, град, остров, Големото јаболко, посебен од сите, изолиран,  самоуверен, достоинствено стои на своето место и со раширени раце не поканува сите нас да напишеме нова книга, композиција, песна, да видиме нови бои, да почувствуваме нови мириси, да видиме нови лица во милионски број, да ја осетиме релаксираноста во атмосферата која не носи со секој чекор по мекиот бетон или едноставно да го потполниме нашиот фото албум со светски знаменитости, скапоцени моменти.
 


Авион | 8 дена - 7 ноќи / термин: 27 Декември 2018
 



1ден/ 27.12.18 (четврток)  СКОПЈЕ - ЊУЈОРК
Поаѓање од аеродромот во Скопје. Полетување од Скопје во утринските часови и со едно префрлување се патува до Њујорк. Слетување на аеродромот Џ.Ф. Кенеди во Њујорк во попладневните часови. Организиран трансфер до хотел и сместување во хотел. Слободно време за одмор. Можност за вечерна прошетка низ Times Square, најпрометниот дел на Mенхетeн, каде што до доцните вечерни часови можете да прошетате, купувате, вечерате. Враќање во хотел. Ноќевање.


2ден/ 28.12.18 (петок)  ЊУЈОРК
Слободно време за појадок. Разглед на Њујорк со водич (4 часа). Среден (Lincoln CentеrFifth AvenueTimes SquareEmpire State Building) и Долен Менхетeн (Greenwich village, Soho, Chinа town, Little Italy, Финансискиот кварт или познатата Wall Street). Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Слободно време. Ноќевање.


3ден/ 29.12.18 (сабота)  ЊУЈОРК   
Слободно време за појадок. Можност за организирање крстарење околу Менхетeн во времетраење од 2.5-3 часа, каде што ќе имате можност за незаборавно откривање на Њујорк. После крстарењето, можност за посета на Кипот на слободата. Доживејте ја незаборавната панорамска глетка на Њујорк, со единствена можност за запознавање на крајбрежниот дел на Менхетeн, три реки, седум големи мостови и над 25 светски познати места. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 30.12.18 (недела)  ЊУЈОРК
Слободно време за појадок и индивидуални прошетки низ Њујорк. Можност за *факултативна посета на една од Бродвејските претстави: Мама Миа, Лион Кинг, Чикаго. Враќање во хотел. Ноќевање.


5ден/ 31.12.18 (понеделник)  ЊУЈОРК
Слободно време за појадок. Можност за *факултативна посета на некој од познатите музеи како што се Музејот Метрополитен, Музејот Гегенхајм, Националниот Историски Музеј или МОМА. (во  еден ден можат да се посетат најмногу 2 музеи). Пречек на Нова Година 2019 на Тајмс Сквер со блескави светла, музика во живо, балони, конфети, огномети и кристална топка што паѓа на полноќ. (Оваа опција за пречек е бесплатна).


6ден/ 01.01.19 (вторник)  ЊУЈОРК
Слободно време за појадок. Можност за прошетка по Петата Авенија, Централ парк, можност за целодневна прошетка и посета на познатиот шопинг центар Мол Вудбури Комонс - трговски центар со над 220 продавници од најпознатите модни креатори по многу ниски цени (Келвин Клајн, Дона Карран, Армани, Гучи, Макс Мара, Ралф Лаурен, Томи Хилфигер, Тимберленд и многу други). Враќање во хотел. Ноќевање.


7ден/ 02.01.19 (среда)  ЊУЈОРК
Слободно време за појадок. Можност за индивидуална прошетка, шопинг или одмор. Факултативна екскурзија. Ноќевање.


8ден/ 03.01.19 (четврток)  ЊУЈОРК - СКОПЈЕ
Слободно време за појадок, индивидуални прошетки. Организиран трансфер до аеродромот Џ.Ф.Кенеди. Полетување од Њујорк во попладневните часови.


9ден/ 04.01.19 (петок)  СКОПЈЕ
Слетување во Скопје наредниот ден во попладневните часови.


Цена на аранжманот: 1389€ / 86.118мкд.


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Повратен авиобилет на релација Скопје - Њујорк - Скопје (со едно преместување во Европа);
  • - Сместување во хотел со 2* во околината на Менхетен;
  • - Четиричасовен  ориентационен разглед на Њујорк со водич (Македонски јазик);
  • - Туристички придружник за време на целото патување во Њујорк (српски / македонски јазик) - следува доколку има пријавено минимум 12 патници.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси - 316€;
  • - Америчка виза - 160$;
  • - Факултативни посети наведени во програмата;
  • - Лични трошоци;
  • - Бакшиш за локалните водичи и возачи;
  • - Патничко осигурување;
  • - Осигурување од отказ на патувањето.

Факултативни излети (цените се информативни и променливи до датумот на патување)

  • - Крстарење околу Менхетан - 50€;
  • - Влезница за посета на Емпаер Стејт Билдинг 86 спрат - 50€;
  • - Влезница за посета на Музејот Метрополитен - 29€;
  • - Влезница за посета на Музејот Гугенхајм - 29€;
  • - Влезница за МОМА - 29€;
  • - Влезница за Националниот историски музеј - 35€;
  • - Шопинг тура до трговскиот центар Мол Вудбури Комонс (јавен превоз + водич) - 60€.

Напомена:

Патниците мора да имаат пасош со валидност над 6 месеци од терминот на патување.


ВИЗА:

Сите информации во врска со потребната документација за виза, можете да ги добиете во канцеларијата. Агенцијата посредува при закажување на термин и пополнување на онлајн формуларите. Документацијата и барањето за виза се поднесуваат ЛИЧНО. Ги замолуваме патниците внимателно да ја прочитаат програмата за патување, информациите и општите услови за патување.

  • Во случај на недоволен број на пријавени патници, организиторот го задржува правото за отказ на патувањето и е должен за известување на патниците најдоцна 5 дена пред патувањето и во зависност од расположливост со места да им биде понудено алтернативно патување;
  • Организаторот има право за измена на програмата и времето на поаѓање со претходно известување на патниците;
  • Надоместокот за аеродромски такси се предмет на промена и конечниот износ за надоместокот за аердоромски такси е потврдено на денот на издавањето на авиобилетите;
  • За резервација е потребно валиден пасош и авансна уплата од минимум 30% од вкупниот износ;
  • Конечно известување за патување патниците ќе добијат 3-5 дена пред патувањето.

*** Минимален број  на патници : 2***


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси