TA Mediteran

Авионски програми

Нова 2019 Година | Париз

термин: 30.12-3ноќи | 466 / 28.892мкд

 

П А Р И З

Париз, градот на светлината, препознатлив по Ајфеловата Кула, најубавата авенија Шампзелизе, музејот Лувр, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд, дворецот Версај, Операта, кабаре барот Moulen Rouge, Богородичната Црква и цела листа на знаменитости која нема крај. Повеќе од 30 мостови, 400 цркви, Монмартр - сликарската „Мека“, Пигал - најживиот кварт со бурен ноќен живот и повеќе од 60.000 ресторани. Град на сите уметности и светската мода, незаборавен по многубројните туристи, кои во текот на годината во континуитет го посетуваат. За Париз не’ врзуваат парфемите, виното, коњакот, прекрасната кујна, над 100 km метро и уште многу светски познати имиња. Париз е град кој никогаш, никого не остава рамнодушен. Проверете зошто е тоа така.

 

 

 

Авион | 4 дена - 3 ноќи / термин: 30 Декември 2018

  

1ден/ 30.12.18 (недела)  СКОПЈЕ - БУВЕ - ПАРИЗ
Состанок со групата на аеродромот Александар Велики во Скопје во 15:35 часот. Полетување за Париз во 17:35 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигање на аеродромот Beauvais во 20:40 часот. По пасошката и царинска контрола следува трансфер до Париз (90 км). Сместување во хотел. Ноќевање.


2ден/ 31.12.18 (понеделник)  РАЗГЛЕД НА ПАРИЗ - ВЕРСАЈ
Појадок. По појадокот, се упатуваме на организиран панорамски разглед на Париз со локален водич (метро и пешки), ќе се видат Ile de la Cite со катедралата Notre-dame, латинскиот кварт, Saint GermainSorbonneLouvreChamps Elysee, продолжуваме кон Наполеоновата гробница Dome des invalidesConcorde BastilleRepubliqueVendomeTrocadero, Etoilе. По разледот предлог факултативна посета на величествениот дворец Версај (15 km со рер), изграден од францускиот крал Луј XIV кој претставува ремек - дело на уметноста од 17-ти век (во разгледот не се вклучени градините). Враќање назад кон Париз (15 km). Навечер, индивидуално или групно (во договор со пратителот) дочек на Нова Година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 01.01.19 (вторник)  ЛУВР - АЈФЕЛОВА КУЛА - КРСТАРЕЊЕ ПО СЕНА - МУЛЕН РУЖ
Појадок. По појадокот се упатуваме нa факултативна посета на еден од најбогатите светски музеи Лувр (со локален водич), кој 700 години бил резиденција на француските кралеви, се‘ до нивната преселба во Версај. Овде се наоѓаат околу 65.300 уметнички дела меѓу кои и познатата Мона Лиза. Во попладневните часови можност за посета на Ајфеловата кула и уживање во неверојатната панорамска глетка од третиот кат на ова уникатно архитектонско издание. По посетата на Ајфеловата кула предлог Крстарење по Сена, со времетраење од 1 час и можност да ја почувствувате магијата на Париз од различна преспектива. Во вечерните часови препорачуваме факултативна посета на славниот кабаре бар Moulin Rouge, чијашто програма започнува во 23:00 часот, а секако и можност за прошетка низ познатата улица Пигал. Ноќевање.


4ден/ 02.01.19 (среда)  МОНМАРТР - САКРЕ КЕР - БУВЕ - СКОПЈЕ
Појадок
 во хотел и одјавување. По појадокот можност за прошетка по Монмартр со метро и придружба на нашиот водич. Можност да се види базиликата Sacre Coeur, од каде ќе уживате во прекрасниот поглед на Париз. Слободно време за индивидуални активности до  времето на тргнување кон аеродромот со организиран трансфер. Полетување за Скопје 21:25 часот со директен лет на авиокомпанија Wizz Air. Слетување во Скопје во 00:10 часот.


Цена на аранжманот: 466€ / 28.892 мкд.


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Директен лет на релација Скопје – Буве – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • - Голема кабинска торба од 8kg (40x30x20cm);
  • - Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • - Сместување во хотел на услуга BB;
  • - Пречек и испраќање на аеродром во Париз од локален водич, на македонски јазик;
  • - Организација на аранжманот.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Аеродромски такси - 3.720мкд.;
  • - Панорамски разглед на Париз со локален водич - 30€ (уплата на лице место);
  • - Туристичка такса - 4,5€ за целиот престој (се плаќа во агенција);
  • - Билети (карнет за 10 возења) за јавен превоз со метро – 14,1€ (ги купувате сами билетите во Париз, не се плаќаат во агенција);
  • - Посета на Версај - 50€ (вклучена влезница  за дворецот (градините не се вклучени во цената)), локален водич на македонски јазик, трансфер (задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • - Влезница за Ајфелова Кула до втор кат (за уплата во агенција - 22€ | за уплата на лице место 25€), до трет кат (за уплата во агенција - 30€ | за уплата на лице место - 33€) (со лифт);
  • - Крстарење со брод по Сена - (за уплата во агенција - 15€ | за уплата на лице место - 18€);
  • - Посета на Лувр - 37€ (вклучена влезница и локален водич на македонски јазик, задолжително пријавување при уплата на аранжманот во агенција);
  • - Посета на Moulin Rouge (вклучена влезница со резервација на маса  и шампањ) - (за уплата во агенција - 115€ | за уплата на лице место - 125€);
  • - Можност за организирана посета на Дизниленд (цена при уплата на аранжман и извршена резервација);
  • - Панорамски разглед на Париз со локален водич - 30€;
  • - Пакет цена: Панорамски разглед и посета на Версај - 70€;
  • - Пакет цена: Лувр, Ајфелова кула, крстарење по Сена - 69€ / 77€;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 150мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
При резервација задолжителна уплата на аконтација на 30% од вкупната сума на аранжманот.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 01.12.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 20.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


  За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ и Медитеран.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси