TA Mediteran

Авионски програми

Нова 2019 Година | Рим

термин: 30.12-4ноќи | 399 / 24.740мкд


Р И М

 

Рим - Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието во градот. Вечен град, град на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија, седиште на град - државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а и самите Италјани знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано ги прати трендовите. Полн со вибрации на современ град, со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е и останува популарен како што бил и во времето кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.
 


Авион | 5 дена - 4 ноќи / термин: 30 Декември 2018
 



1ден/ 30.12.18 (недела)  СКОПЈЕ - РИМ  
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:20 часот. Полетување за Рим во 13:20 часот. Пристигнување во Рим во 15:00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотелот. Ноќевање.


2ден/ 31.12.18 (понеделник)  РИМ  (Панорамски разглед)
Појадок. По појадокот се упатуваме на организиран пешачки панорамски разглед на градот со локален водич (пешачки и метро). Во пешачки разглед од три часа ги поминуваме: Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо. Останатиот дел од денот е предвиден за одмор или индивидуални прошетки низ Рим. Во вечерните часови, групно или индивидуално Дочек на Нова Година на плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање. 


3ден/ 01.01.19 (вторник)  ВАТИКАН
Појадок. По појадокот е предвидена факултативна посета на Ватикан (превоз со метро, 2 часа разглед). Планирано е разглед на Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе се видат најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16-ти век, салата со канделабри, собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508-1511 година, Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30-тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд. Потоа ќе ја посетиме најголемата црква во светот - Св.Петар во која се наоѓа познатата “Пиета“ - единственото потпишано дело на Микеланџело. Прошетката завршува со посета на прекрасниот плоштад пред самата црква кој го уредил Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. По завршувањето на посетата на Ватикан, слободно време за индивидуални разгледи. Враќање во хотел. Ноќевање


4ден/ 02.01.19 (среда)  РИМ (Колосеум)
Појадок. По појадокот прошетка со локален водич: црква Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, црквата Сан Пиетро ин Винколи, каде се наоѓа познатата скулптура на Мојсеј и синџирите во кои бил окован Св. Петар (првиот римски папа). Потоа се посетува една од најголемите знаменитости и атракција во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Изградбата е започната од императорот Веспасиан во 72 година и е завршена година после неговата смрт (80 години) од страна на неговиот син Тит. Потоа се проаѓа покрај Римскиот форум и завршуваме со Кампидољо - римското собрание, пиаца Венеција и Олтарот на нацијата. Слободно време. Враќање во хотел. Вечерта можност за прошетка и вечера во ресторан на Трастевере. Ноќевање.


5ден/ 03.01.19 (четврток)  РИМ - СКОПЈЕ
По појадокот одјавување од собите, слободно време за последно кафе во Рим и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:35 часот со директен лет. Пристигнување во Скопје во 17:10 часот.


Цена на аранжманот: 399€ / 24.740мкд.


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Директен лет на релација Скопје - Рим - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • - Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • - Мала кабинска торба до 8kg со димензии 40x30x20cm;
  • - Сместување во двокреветни соби во хотел 3* или 4*, на база 4 ноќевања со појадок;
  • - Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Доплата за еднокреветна соба 150 (9.300мкд.);
  • - Аеродромски такси по лице 3.720мкд.;
  • - Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Туристичка такса се плаќа во хотел - 4€ или 6€ по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
  • - Билети за јавен превоз со метро;
  • - Организиран панорамски разглед на Рим со водич - 15€;
  • - Организирана факултативна посета на Ватикан , црквата Св.Петар и Систинската капела - 55;
  • - Организирана посета на Колосеум со локален водич, влезница за Колосеум и гробот на Св.Кирил - 50;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 150мкд.

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 25 патници.
Резервација се прави со уплата на 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Задолжително пријавување за факултативите во агенција до 20.12.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 25.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси