TA Mediteran

Авионски програми

Нова 2019 Година | Кападокија

термин: 29.12-4ноќи 563€ / 34.906мкд


 К А П А Д О К И Ј А

 

Компекс на чудесна убавина од 6 - от век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот го менувал својот облик и постанал тоа што е денес - уникатно чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, истото го наоѓаат под камените сводови на Кападокија во кои изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед и остават магичен и мистичен впечаток.


 

 Авион | 5 дена - 4 ноќи / термин: 29 декември 2018

 


1ден/ 29.12.18 (сабота)  СКОПЈЕ - КАПАДОКИЈА
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром во Скопје, во 06:55 часот, минимум 2 часа пред летот. Полетување кон Истанбул во 08:55 часот и слетување во 12:55 часот локално време. Полетување од Истанбул во 18:15 часот и слетување во Кајсери во 19:50. Трансфер од аеродромот до хотелот во Кападокија. Сместување во хотел. Ноќевање.


2ден/ 30.12.18 (недела)  КАПАДОКИЈА - ДОЛИНАТА ДЕВРЕНТ - ПАСАБАГЛАРИ - АВАНОС - ГОРЕМЕ
Појадок во хотел. По појадокот следува прошетка по долината Деврент (Devrent) и преубавиот пејзаж кој природата го создала овде. Патот не води до Пасабаглари (Pasabaglari), место познато по високите куполи или светски познати под името “Fairy Chimneys” (самовилски оџаци), потоа селото Аванос (Avanos) каде ќе бидете сведоци на изработка на керамички производи и техниката која локалните жители ја користат за изработка на истите. Пауза за ручек во локален ресторан и посета на Uchisar Rock-Castle, највисоката точка во овој регион. Патот продолжува кон Есентепе (Esentepe) од каде ќе уживате во панорамскиот поглед кон долината Гореме (Goreme) и музејот на отворено кој се наоѓа токму овде, а истиот нуди плеада на карактеристични цркви, фрески и манастири. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 31.12.18 (понеделник)  КАПАДОКИЈА - КАЈМАКЛИ - СОГАНЛИ - МУСТАФАПАША - НОВОГОДИШНА ВЕЧЕР
Појадок во хотел. По појадокот следува организиран трансфер до подземниот град Кајмакли (Kaymakli Underground city). Овде ќе имате можност да погледнете како локалните жители во минатото живееле во овој подземен град на неколку нивоа, во кој има простории за ноќевање, кујни за готвење на храна, простории за складирање и изработка на вино, штали и простории од кои навистина се добива впечаток дека овде навистина престојувале голем број на луѓе, како зaедница, како вистински град. Следно на нашата денешна агенда е долината Соганли (Soganli) и долга прошетка низ византиските гробници, потоа Собесос (Sobesos) - римска бања од 5 - от век која ја красат мозаици од византиската империја, Taskinpasa Medresesi - отоманско богословско училиште и селото Мустафапаша (Mustafapasa) кое во минатото се нарекувало Синасос (Sinasos), а истото е интересно и познато по мешаноста на грчко - отоманската архитектура. Враќање во хотел. Дочек на Новата 2019 година во локален ресторан. Ноќевање.


4ден/ 01.01.19 (вторник)  КАПАДОКИЈА - ДЕРИНКИУ - НАРЛИ ГОЛ - ИХЛАРА - СЕЛИМЕ
Појадок во хотел. По појадокот следува организиран трансфер до подземниот град Деринкиу (Derinkuyu Underground City) - најголемиот подземен град во регионот кој служел како засолниште на локалните жители од непријателите во минатото. Патот не води кон прекрасното вулканското езеро Нарли Гол (Narli Gol) и поглед кој никого не остава рамнодушен. Одморени, се упатуваме кон долга прошетка низ кањонот Ихлара (Ihlara Canyon) и преубавиот поток кој поминува низ него. Пауза за ручек во селото Белисирма (Belisirma Village). Продолжуваме кон манастирот Селиме (Selime) од каде има прекрасен панорамски поглед на долината Ихлара (Ihlara). Враќање во хотел. Ноќевање.


5 ден/ 02.02.2019 - (среда)  КАПАДОКИЈА - ЛЕТ СО БАЛОН - СКОПЈЕ

Најубавото изгрејсонце следува на крајот од оваа програма. Во раните утрински часови следува лет со балон над Кападокија и уживање во панорамскиот поглед кој не може да се опише со зборови. Враќање назад во хотел. Одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Кајсери. Полетување кон Истанбул во 15:45 часот локално време. Слетување во Истанбул во 17:35 часот. Полетување од Истанбул кон Скопје во 20:15 часот и слетување во Скопје во 19:45 часот локално време.


Цена на аранжманот: 563€ / 34.906мкд
за уплата до 01.11.18: 466€ / 28.892мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје - Истанбул - Кајсери - Истанбул - Скопје со Turkish Airlines;
  • Чекиран багаж по лице до 30kg;
  • Трансфер на релација аеродром - хотел - аеродром;
  • 4 ноќевања со појадок во хотел Tekkaya Cave Hotel или сличен, во Кападокија;
  • Новогодишна вечера во локален ресторан или хотел (предјадење, главно јадење, десерт, 2 чаши алкохолен пијалок (пиво, вино, водка, ракија);
  • 3 екскурзии со вклучен ручек;
  • Локален водич на англиски јазик;
  • Претставник од агенцијата во текот на целото патување.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • Аеродромски такси - 165€;
  • Лет со балон над Кападокија - 150€;
  • Бакшиши за водичи / шофери;
  • Сите трошоци кои не се напоменати во програмата;
  • Индивидуални трошоци;
  • Патничко здравствено осигурување.

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:

  • Над 60 дена пред датумот на поаѓање се задржува износот на депонираниот депозит;
  • Помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
  • Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Напомена:

  • Патниците мора да поседуваат валиден пасош повеќе од 3 месеци од терминот на завршување на аранжманот;
  • Во случај на промена на цената на авиобилетот од страна на авиопревозникот, агенцијата има право да ја промени цената на аранжманот;
  • За резервација е потребна уплата на 50% аконтација која не се враќа во случај на откажување од страна на корисникот на услугата;
  • Минимален број на патници на база на кој е калкулирана цената на аранжманот, изнесува 16 и доколку не се исполни наведената бројка, цената на аранжманот нема да биде променета, но екскурзиите нема да бидат вклучени;
  • Доколку има пријавено повеке од 14 патници следува придружник за време на патувањето од страна на агенцијата;
  • Сите факултативни екскурзии се придружувани од локален водич на англиски јазик и превод на македонски од страна на претставник од агенцијата (доколку вкупната бројка на групата надминува 14 патници).

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси