TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2019 Година | Белград

термин: 29.12 - 2ноќи | 99€ / 6.150мкд

Б Е Л Г Р А Д

 сместување во хотел Park 3* 


 

Термин: 29 декември 2018 | 3 дена / 2 ноќи | Автобус

 

1ден / 29/30.12 (сабота) ШТИП/СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Поаѓање од Штип во 23:45 часот пред Стадионот. Од Велес во 00:15 часот од бензиска Макпетрол-кружен тек на влезот (30.12). Од Скопје во 01:15 часот пред VIP хотел (наспроти Скопски Саем). Куманово 02:00 часот, бензиска Макпетрол-автопат. Ноќно патување кон Белград со попатни паузи и царински формалности. Пристигање во Белград во предпладневните часови. Организиран панорамски разглед на Белград со локален водич со посета на:  црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло, стадионот на ФК Црвена Звезда, куќата на атрактивната балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражњатович, потоа атрактивниот дел на градот – Дедиње како и куќата на цвеќето каде се наоѓа гробот на Јосип Броз Тито. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан и прошетка по најпозната белградска улица - Кнез Михајлова. Сместување во hotel Park 3* во центарот на Белград. Слободно време за одмор или индивидуална прошетка. Вечерта, индивидуална посета на дискотека или ноќен клуб. Ноќевање.


2ден / 31.12 (понеделник) БЕЛГРАД - (Нови Сад)
Појадок. По појадокот организиран Факултативен излет до Нови Сад. Разглед на градот: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петро- варадинската тврдина…во попладневните часови – враќање во Белград…Подготовка за дочек на Нова Година на плоштад или факултативно во ресторан. Ноќевање.


3ден / 01.01 (вторник) БЕЛГРАД  - МАКЕДОНИЈА
Појадок. После појадокот одјавување од хотел. Слободно време до 14 часот. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.


Цена за уплата до 15 ноември 99€ / 6.150мкд


Редовна цена : 109€ / 6.760мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со туристички автобус;
разглед на Белград со локален водич 
- 2 ноќевања со појадок  во  hotel Park 3* во Белград;
- организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- организирана посета на Нови Сад 10€ (пријавување во автобус);
- туристичка такса 3€ за целиот престој по лице (се плаќа во агенција);
- здравствено патничко осигурување 100мкд

Напомена:

За реализација на аранжманот потребен е мининум од 45 патници.
За овој аранжман, може да се патување и само со лична карта;
За реализација на факултативата Нови Сад (мин. 35 пријавени)
За патување со сопствен превоз  -10€ од цената.
Уплата исклучиво во денари.


 Забава и инфо за клубови и ресторани во Белград  кликнете овде


ОПИС на ХОТЕЛОТ ПАРК 3*

Хотел Парк се наоѓа центарот на Белград на улица Njegoseve i Svetozara Markovica, околу 10 мин пешки до познатата улица Кнез Михајлова каде се наоѓаат голем број на барови, ресторани, бутици.. Комплетно реновиран во 2012 година, располага со 122 соби и 3 апартмани опремени со модерен мебел ТВ, клима, купатило.. Хотелот располага со лоби бар, ресторан, фитнес сала и SPA центар. 

   

   


 Новогодишна атмосфера во Белград

   

   


За овој аранжман важат
Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси