TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2019 Година | Азурен брег

термин: 28.12-3ноќи | 229 / 14.200мкд

 

А З У Р Е Н  Б Р Е Г


(Милано - Ница - Сент Тропез - Кан - Eз - Монако - Монте Карло)

 

  


Термин: 28 декември 2018 / 6 дена - 3 ноќиАвтобус



1ден/ 28.12.18 (петок)  СКОПЈЕ - МИЛАНО
Состанок на групата во 10:00 часот. Поаѓање во 10:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.


2ден/ 29.12.18 (сабота)  FRANCIACORTA OUTLET -  МИЛАНО
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано. Сместување во хотел. Факултативно одиме на организиран разглед на градот со локален водич: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196m. долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.


3ден/ 30.12.18 (недела)  МИЛАНО - НИЦА  
Појадок. Поаѓање за Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во вечерните часови одиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата... Ноќевање.


4ден/ 31.12.18 (понеделник)  НИЦА - СЕНТ ТРОПЕЗ - КАН -  МОНТЕ КАРЛО ***ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА***
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез и гламурозниот Кан. Сент Тропез - најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци - Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Продолжуваме кон Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Ница. Предлагаме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет... единствено доживување. Враќање во Ница. Ноќевање.


5ден/ 01.01.19 (вторник)  НИЦА - ЕЗ - МОНАКО - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Предлагаме посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето….Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.


6ден/ 02.01.19 (среда)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови. 


Цена на аранжманот: 249€ / 15.440мкд

За уплата до 15.11.18  229€ / 14.200мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во Милано (околина) во хотел со 3*, на база 1 ноќевање со појадок;
  • - Сместување во Ница (или околина) во хотел со 2*/3*, на база 2 ноќевања со појадок;
  • - Организиран разглед на Милано со локален водич;
  • - Разглед на Ница;
  • - Посета на FRANCIACORTA OUTLET VILLAGE шопинг центар;
  • - Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
  • - Организиран трансфер од градовите: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес.
    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Разглед на Милано со локален водич - 10€;
  • - Новогодишна посета на Монте Карло - 20€;
  • - Посета на фабрика за парфеми ‘Fragonard’ во Ез, Монако - 20€;
  • - Посета на Кан и Сент Тропез - 30€;
  • - Туристичка такса во Милано (5€ по лице, се плаќа во агенција);
  • - Туристичка такса во Ница (1,5€ по лице на ден, се плаќа во агенција);
  • - Влезници за културно историски споменици, музеи;
  • - Билети за јавен превоз;
  • Доплата за еднокреветна соба - 6.100 ден;
  • - Задолжително патничко осигурување - 175мкд.

Напомена: 
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од датумот на завршување на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата, како и правото за отказ на истата најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси