TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2019 Година | Будимпешта

 термин: 29.12-2ноќи129 / 8.000мкд 


Б У Д И М П Е Ш Т А

 

 

 

Термин: 29 декември 2018 5 дена - 2 ноќи | Автобус



1ден/ 29.12.18 (сабота)  ШТИП/СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 16:00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16:30 часот. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден/ 30.12.18 (недела)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел...  Ноќевање.


3ден/ 31.12.18 (понеделник)  БУДИМПЕШТА - ВИЕНА - БУДИМПЕШТА ***ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА***
Појадок. После појадокот, Препорачуваме  посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Дочек на Нова Година на централниот плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден/ 01.01.19 (вторник)  БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот факултативно заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 02.01.19 (среда)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.


Цена на аранжманот: 139€ / 8.620мкд

За уплата до 15.11.18  129€ / 8.000мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел со 3* во Будимпешта (околината), на база 2 ноќевања со појадок;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.
  • - Организиран трансфер од градовите: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес.
    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Разглед на Будимпешта со локален водич - 10€;
  • - Крстарење со брод по Дунав - 15€;
  • - Посета на Сент Андреа - 10€;
  • - Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF - 35€;
  • - Влезници за музеи и културно-историски споменици;
  • - Доплата за еднокреветна соба - 3.100мкд;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 150мкд;
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:
За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од датумот на завршување на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата, како и правото за отказ на истата најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси