TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2019 Година | Милано

термин: 28.12-3ноќи | 179 / 11.100мкд


М И Л А Н О


со факултативен излет до
Комо и Лугано (Швајцарија) 

 

Милано, главниот град на Ломбардија, има население од 1,3 милиони луѓе. Тој е најголемиот индустриски град на Италија со многу различни индустриски сектори. Тој е магнетна точка за дизајнери, уметници, фотографи и модели. Милано има антички дел во центарот на градот со високи згради и интересни palazzos, која е причината зошто толку многу луѓе од целиот свет сакаат да го видат градот на гламурот. Милано отсекогаш бил богат и значаен град. Тој отсекогаш бил место полно со разни познати уметници и нуди посебен асортиман на цркви, згради и споменици. Милано претрпел промена на културата и уметноста во ренесансата со голем придонес во периодот од неокласицизам. Милано нуди голем број на згради, споменици и музеи. Најважната црква е катедралата, која е трета по големина црква во светот.
 

 

Tермин: 28 декември 2018 / 6 дена - 3 ноќи | Автобус



1ден/ 28.12.18 (петок)  СКОПЈЕ - МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 11:30 часот. Поаѓање за Верона во 12:00 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.


2ден/ 29.12.18 (сабота)  FRANCIACORTA OUTLET - МИЛАНО
Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време (2 часа) за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано. Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетка по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)… Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано… Враќање  во хотел. Ноќевање.


3ден / 30.12.18 (недела)  МИЛАНО - ЛУГАНО - КОМО - МИЛАНО  
Појадок. После појадокот предлагаме целодневна посета на Лугано (Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки.  Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили (Villa Oleandra на Џорџ Клуни), вилите на Стинг, Ричард Брансон. Овде е снимен и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин.) со брод покрај некои од прочуените вили. Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.


4ден/ 31.12.18 (понеделник)  МИЛАНО ***ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА***
Појадок. Предпладне одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196m долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел, слободно време за одмор. Вечерта дочек на Нова Година на градскиот плоштад. Враќање во хотел. Ноќевање.


5ден/ 01.01.19 (вторник)  МИЛАНО - ВЕРОНА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Патувањето продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


6ден/ 02.01.19 (среда)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.


Цена на аранжманот: 189€ / 17.720мкд

За уплата до 15.11.17  179€ / 11.100мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел со 3* во Милано (околината), на база 3 ноќевања со појадок;
  • - Посета на Верона;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.
  • - Организиран трансфер од градовите: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес.
    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Разглед на Милано со локален водич - 10€;
  • - Факултативен излет на Лугано и Комо - 35€;
  • - Крстарење по езерото Комо (30 мин.) - 10€;
  • - Туристичка такса во Милано - 5€ по лице од ноќ (се плаќа во агенцијата);
  • - Доплата за еднокреветна соба - 4.650мкд;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 175мкд;
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од датумот на завршување на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата, како и правото за отказ на истата најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси