TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2019 Година | Прага - Карлови Вари - Дрезден - Виена

термин: 28.12-3ноќи | 179 / 11.100мкд


ПРАГА со посета на ВИЕНА

Факултативна посета на Карлови Вари и Дрезден

 

 

Термин: 29 декември 2018 / 6 дена - 3 ноќи | Автобус



1ден/ 28.12.18 (петок)  СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:30 часот. Поаѓање на автобусот во 11:00 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


2ден/ 29.12.18 (сабота)  ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 30.12.18 (недела)  ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ - ПРАГА  
Појадок
. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме Крстарење по Влтава. Слободно време. Ноќевање.


4ден/ 31.12.18 (понеделник)  ПРАГА - ДРЕЗДЕН - ПРАГА  ***ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА***
Појадок
. После појадокот, предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата - богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква - Frauenkirche, Кралската палата - денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на "Фиренца на Елба" како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.


5ден/ 01.01.19 (вторник)  ПРАГА - OUTLET FREEPORT - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT. По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење.


6ден/ 02.01.19 (среда)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


Цена на аранжманот: 189€ / 11.720мкд

За уплата до 15.11.18  169€ / 10.480мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел Alex 3* во Прага, на база 3 ноќевања со појадок;
  • - Посета и разглед на Виена;
  • - Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.
  • - Организиран трансфер од градовите: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес.
    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Панорамски разглед на Прага со локален водич - 10€;
  • - Крстарење по Влтава - 20;
  • - Целодневна посета на Карлови Вари - 25;
  • Целодневна посета на Дрезден - 30;
  • - Влезници за музеи и локалитети;
  • - Доплата за еднокреветна соба - 4.650мкд;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 175мкд;
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од датумот на завршување на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата, како и правото за отказ на истата најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


Oпис на факултативите

Посета на Карлови вари
Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла , на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле. Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура, познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“ , како и термалните извори во колонадата „Спрудел“. Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници: Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем , ванила)


Крстарење по Влтава
Факултативното крстарење со брод по Влтава, Ви овозможува да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура на овој град од двете страни нa реката. За време на целото крстарење, имате водење на англиски јазик преку снимено ЦД за знаменитостите покрај кои минуваме. Со класична музика, ова е уште една можост да ја видите Прага од еден поинаков, панорамски поглед, од палубата на бродот кон центарот на градот.


Посета на Дрезден
Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето извонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси