TA Mediteran

Aвтобуски програми

Нова 2019 Година | Виена

термин: 29.12-2ноќи | 149 / 9.240мкд

 

В И Е Н А


Виена за време на Новогодишните празници нуди прекрасна програма со возбуда во текот на денот и ноќта. На 31-ви декември, стариот град на Виена центарот го претвора во огромна забавна зона. Најголемата забава е загарантирана на Патека на Нова Година по чијашто должина десетици гастрономи Ви служат пунч и разни специјалитети. Виена украсена со хумористични забави, шоу програми, валцер, музика од секаков жанр, пловење по Дунав претставува вистинско уживање.

   

  
Термин: 29 декември 2018 / 5 дена - 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 29.12.18 (сабота)  СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок со групата  во 16:30 часот на паркингот пред спортска сала Борис Трајкоквски, поаѓање за Виена во 17:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 30.12.18 (недела)  ВИЕНА
Пристигнување во Виена во пладневните часови. Посета на познатиот Outlet Shopping Center - Parndorf. Слободно време за предновогодишен шопинг. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 31.12.18 (понеделник)  ВИЕНА  ***ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА***
Појадок. После појадокот заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2018 - плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.


4ден/ 01.01.19 (вторник)  ВИЕНА
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич - (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови со попатни паузи за одмор.


5ден/ 02.01.19 (среда)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.


Цена на аранжманот: 159€ / 9.860мкд

За уплата до 15.11.18  149€ / 9.240мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел со 3*, на база 2 ноќевања со појадок;
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.
  • - Организиран трансфер од градовите: Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес.
    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено: 

  • Разглед на Виена со локален водич -10;
  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) - 35€;
  • - Дунавска Кула - 10€;
  • - Индивидуални трошоци;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 150мкд.

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од датумот на завршување на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата, како и правото за отказ на истата најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.


 ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИТЕ

Дворецот ШЕНБРУН
Дворецот Шенбрун  е еден од најважните културни споменици во Австрија и е една од најголемите туристички атракции во Виена. Палатата и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на Хабсбуршка династија. Со Империјал турата се посетува внатрешноста на палатата. Турата трае 35 минути и се посетуваат 22 соби. Се посетуваат собите на императорот Франц Јозеф и неговата сопруга Елизабет и останатите прекрасни соби украсени во рококо стил. Со оваа тура може да се доживее луксузниот сјај на Големата галерија, ориенталниот шарм на кинеските кабинети, како и зачудувачки скромниот стил на декорација во приватниот апартман на императорот Франц Јосиф. Денес Шенбрун е посетуван од повеќе од 5 милиони туристи годишно.


Дунавска кула - Дунавската кула е еден од симболите на Виена и претставува идеално место да се види Виена од терасата, која е на висина од 150 метри. Во рамките на кулата има ресторан и кафетерија, кои се полни со туристи.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси