TA Mediteran

Авионски програми

Нова 2021 Година | Кападокија

термин: 30.12-5ноќи | 460€ / 28.520мкд


 К А П А Д О К И Ј А

 

Компекс на чудесна убавина од 6 - от век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот го менувал својот облик и постанал тоа што е денес - уникатно чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, истото го наоѓаат под камените сводови на Кападокија во кои изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед и остават магичен и мистичен впечаток.


 

Термин: 30 декември 2020  | 6 дена / 5 ноќи | Авион

 


1ден/ 30.12 (среда)  СКОПЈЕ - КАПАДОКИЈА
Пристигнување на аеродромот во Скопје 3 часа пред лет. Полетување за Кападокија преку Истанбул во 09:05 и пристигнување во Кападокија во 16:10. Трансфер до хотел. Сместување и ноќевање.


2ден/3ден/4ден/5ден 31.12 - 03.01  КАПАДОКИЈА 
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности.

Предлог индивидуални активности:

  • - Разглед на Кападокија, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, годишно посетувана од околу два и пол милиони туристи од целиот свет. Она што ги привлекува посетителите е комбинацијата на природна убавина и уникатна архитектура, создадени како резултат на дејството на вулканската лава, силните ветрови и обилните дождови.
  • - Долината на Гулабите, која се наоѓа помеѓу Ѓореме и Учхисар и е идеална за пешачење. Името потекнува од илјадниците “куќи” на гулаби кои биле врежани во мекиот туф уште од античко време. Иако можат да се најдат низ цела Кападокија, тие се особено бројни во оваа долина.
  • - ATV Tour
  • - Летање со балон над Кападокија, волшебно, незаборавно, несекојдневно доживување.
  • - Учисар замокот, кој го прави пределот на Кападокија уште поинтересен. Овој замок е на највисоката точка во Учхисар и со преубав поглед на околните градови. Замокот Учисар изгледа како вонземјаните набрзина да го создале не обрнувајки вниманиe на симетријата. Уживајте во прекрасниот поглед пиејќи Турски чај.
  • - Долината Дервент позната и како Розова долина или Имагинарна долина, која за разлика од другите долини во регионот Кападокија, никогаш не била населена со луѓе. Она што ги привлекува посетителите во долината Деврент се неверојатните карпести формации во розова боја и геолошките аномалии кои се формирани со вековна ерозија. Распрснати низ долината, можете да најдете карпи во облик на животни и самовилни оџаци меѓу другите интересни формации, најлесно е да се забележат делфинот, змијата, фоката, алигаторот. Слободно искористете ја вашата имагинација додека резгледувате.

Ноќевање.


6ден/ 04.01 (понеделник)  КАПАДОКИЈА - СКОПЈЕ
Појадок.
Трансфер до аеродром и лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во 19:50.


Цена на аранжманот: 460€ / 28.520мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски билет со авиокомпанија Turkish Airlines со вклучен багаж до 30кг. по лице и оброк за време на лет(согласно политиката на авиокомпанијата);
- Вклучени аеродромски такси;
- Трансфер на релација аеродром - хотел - аеродром;
- 5 ноќевања со појадок во хотел Artemis Cave Suites 5* во Кападокија;
- Организација на аранжманот.


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Индивидуални трошоци;
- Дополнителни трошоци;
- Патничко здравствено осигурување.
  !НЕ Е ПОТРЕБЕН ПСР ТЕСТ!


Напомена:

- Цената е по лице за сместување во стандард двокреветна соба.
- Максимален број на лица во двокреветна соба се две лица.
- Со сместување на трето лице во двокреветна соба на помошно легло се намалува комодитет на стандардна двокреветна соба
- За време на летот со патниците ќе мора да се придржуваат до протоколите пропишани од авио компанијата. Исто важи и за време на престој на аеродормите и при транзитирање преку аеродормот во Истанбул
- Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.
- При промена на цената на превозот или промена на хотел, можна е промена на цената на патувањето.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
- За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
- Агенцијата го задржува правото на промена на цената доколку дојде до промена на цената на авио билетот и аеродромските такси.


За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси