TA Mediteran

Авионски програми

Нова 2021 Година | Истанбул

термин: 31.12-3ноќи | 279€ / 17.298мкд

 

И С Т А Н Б У Л


Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата, тој пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 31 декември 2020 | 4 дена / 3 ноќи | Авион

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 31.12 (четврток) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ ***ДОЧЕК НА НОВА 2021 ГОДИНА***
Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување од Скопје за Истанбул со Pegasus Airlines во 02:35ч. Слетување во Истанбул во 06:00ч, организиран превоз со автобус до хотел, попатно разглед на Истанбул со локален водич. Сместување во хотел и слободно попладне за шопинг, прошетка и прво запознавање со градот.   * Предлог за дочек на Нова Година на отворено на плоштадот Таксим во индивидуална режија. Најпознатиот плоштад во Европскиот дел на Истанбул, преполн со: кафичи, ресторани, дискотеки и клубови во кои може да поминете незаборавен дочек на Новата Година. Ноќевање.


2ден / 01.01 (петок) ИСТАНБУЛ
Појадок. Предлог факултативно дневно крстарење со брод по Босфор, панорамски разглед на раскошните палати: Палатата Долма Бахче, Јилдиз Палатата , Белербеј Палатата кои се наоѓаат од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Факултативна посета на Долма Бахче палатата - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Факултативна посета на најголемиот тематски аквариум во светот каде што ќе имате прилика да погледнете разновидни видови на риби кои живеат во светските мориња. Факултативна посета на Панорама 1453, првиот музеј во светот со целосна панорама. Како едно од најпопуларните места во Истанбул, музејот им дава на своите посетители шанса да го преживеат освојувањето на Истанбул. Музејот на историјата Панорама 1453 функционира како порти што го отвораат градот Истанбул.  Индивидуално враќање во хотел или слободно попладне за шопинг и прошетка на познатата улица Истиклал на Таксим, или посета на некој трговски центар. Ноќевање.


3ден / 02.01 (сабота) ИСТАНБУЛ
Појадок. Предлог факултативна посета на историските знаменитости во центарот на градот: поаѓаме од Аја Софија – некогашна најголема црква која подоцна е џамија, а денес е музеј. Потоа одиме кон Сината џамија и до Топ Капи палатата која некогаш била седиште на Отоманските владетели. Слободно време за индивидуален разглед и прошетка низ Капали Чаршија. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.


4ден / 03.01 (недела) ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел во 12:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел, состанок на групата во 16:30ч и организиран превоз до аеродром. Лет со Pegasus Airlines од Истанбул во 22:05ч со слетување во Скопје во 21:35ч.


Цена на аранжманот: 299 / 18.538мкд 
ПРОМО цена до 20.11.20: 279 / 17.298мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз со Pegasus (по лице 20 кг вклучен багаж + 7 кг рачен багаж)
- Аеродромски такси
- 3 ноќевања со појадок во Aspen Hotel 4* - Laleli  
- Организиран трансфер на релација аеродром (Sabiha Gokcen) – хотел – аеродром (Sabiha Gokcen)


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Патничко и здравствено осигурување
- Екстра трошоци во хотел
* Факултативни излети:
- Крстарење по Босфор  20€
- Посета на палатата Долма Бахче  25€
- Аквариум  20€
- Посета на историскиот музеј Панорама 1453 г.   10€
- Посета на Топ Капи палатата со историските знаменитости  20€
* Напомена: за реализација на факултативните излети е потребно минимум 15 патници.


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници;
- Цените се дадени во Евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 


За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси