TA Mediteran

Индивидуални патувања

Малдиви

 

 

М А Л Д И В И

БИСЕРИТЕ НА ИНДИСКИОТ ОКЕАН

 

Малдиви. Во кристално чистите води на Индискиот Океан лежи низа од бисери наречени Малдивски Острови. Малдивите се наоѓаат јужно од Индија и западно од Шри Ланка. Само околу 200 Малдивски Острови се населени, а 88 од нив се посебни ексклузивни летувалишта. Малдиви немаат долга историја во туризмот, но за само 30 години стигна на врвот на листата луксузни летувалишта. Луѓето на Малдиви се многу мирољубиви и гостопримливи. Оваа мала нација брои околу 300.000 луѓе, а 70.000 живеат во главниот град Мале кој е мешавина на традиционална и модерна култура: старите генерации се држат до својот начин на живот, а младите се прилагодуваат на западните трендови. Мале е мал и густо населен остров, долг 2 километри и широк 1 km. Односот кон жените е полиберален отколку во повеќето муслимански земји. Интересно е дека стапката на развод на Малдивите е една од највисоките во светот околу 80%. Не се чудете ако запознаете 25 - годишник кој е женет веќе неколку пати. Оваа група од околу 1190 корални острови е исто така омилена дестинација на нуркачите поради неверојатните гребени, богатства на морскиот свет и подводни убавини. Видливоста досегнува и до 50 метри. Малдивите се исто така и омилена дестинација за брачно патување, но ако сонувате за места со целовечерна забава, како Ибица, тогаш заобиколете ги. Иако климата е секогаш гостопримлива, најдобро време за посета е од Декември до Мај кога е и најголемата гужва.

 

 

Термин: Ноември - Декември - Јануари | 8 дена / 7 ноќи | Авион


 7 НОЌЕВАЊА + АВИОНСКИ ПРЕВОЗ + ТРАНСФЕР


Име на Хотел Вид на сместување Услуга 01.11-30.11
01.12-31.12 01.01-31.01
Fihalhohi Island Resort 4*
Classic double HB 1.320€ / /
Double Comfort FB  1.410 / /
The Somerset Hotel 4* Superior Room HB 1.350€ / /
Paradise Island Resort and Spa 4* Superior Beach Bungalow  AI 1.390€ 1.430 /
Sun Island Resort und Spa 4* Standard Beach Bungalow   AI  1.418€ / /
SAii Lagoon Maldives 4*+ Sky room FB 1.369  / /
Summer Island Maldives 4* Bungalow Superior  HB 1.590€ / /
The Barefoot Eco 4* Seaside DBL Room BB / 1.400 1.515 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines сo вклучен багаж, согласно саатници на програма;
  • Аеродромски такси;
  • 7 ноќевања во наведениот хотел, наведен тип на соба / наведена услуга;
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром со хидроглисер или хидроавион.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
  • Факултативни тури;
  • Други индивидуални трошоци;
  • Патничко осигурување;
  • Зелена такса за МАЛДИВИ (околу 6 УСД по лице на ноќ) која се плаќа директно на рецепција во хотелот.

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:
Се задржува износот на депонираниот депозит;
Помеѓу 60 - тиот и 20 - тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 80% од вредноста на аранжманот;
Помалку од 20 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.


Напомена:
• При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 45 дена пред поаѓање.
• Понудата важи за минимум 2 пријавени патници – индивидуален програм;
• Рок на потврда на понуда и резервација е 24 часа по уплата на аконтација;
• За ова патување не се потребни медицински имунизации;
• Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата;
• Задолжително патничко осигурување.


 КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ

  • Клима
    Тропската клима значи висока просечна температура од 29 - 32 степени и голема влажност;
  • Гастрономија
    Сите летувалишта нудат широк избор на јадења и пијалоци кои ќе ги задоволат и најизбирливите. Малдивските брзи закуски кои се сервираат со чај или кафе се популарни меѓу туристите, како и јадењата на скара;
  • Што е забрането да се внесува на Малдиви?
    Наркотици, религиозни материјали (дозволени се само лични предмети како Библија), порнографски материјал, оружје, стрелива, алкохол, свински производи, кучиња и опасни животни. Мора да имате лекарски рецепт за лековите кои ги поседувате.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

Новости

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси