TA Mediteran

Концерт-Селин Дион / Загреб - 3 дена

термин: 21.05-1ноќ | 169 / 10.478мкд

 SELIN DION – ЗАГРЕБ

термин: 21 Мај 2021


Селин Дион е една од најпопуларните, најценетите и најуспешните изведувачи во историјата на поп музиката. До своја осумнаесет годишна возраст освоила многубројни награди.Беше доминантна на топ листата во 90тите, а продаде околу 250 милиони албуми во текот на својата 35 годишна кариера. Добитничка на пет Греми награди, две награди од Академијата, седум Американски музички награди, 20 Juno награди (во Канада) и неверојатни 40 Феликс награди (Quebec). Со наградата “Diamond Award” во 2004 година се потврди нејзиниот статус како најпродаван музички уметник на сите времиња, а во 2016 година Billboard Music Awards и ја додели наградата за животно дело. Музичкиот спектакл на оваа музичка дива е концерт кој мора да се доживее! Не пропуштајте ! Сега и којзнае кога повторно, толку блиску до нас !

  

Celine Dion's first Croatia concert postponed | Croatia Week 

Tермин: 21 Маj 2021 | 3 дена - 1 ноќ | Автобус  

 


1ден/ 21.05.21 (петок) СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ
Состанок со групата и поаѓање за Загреб во вечерните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 22.05.21 (сабота) ЗАГРЕБ - КОНЦЕРТ НА СЕЛИН ДИОН
Пристигнување во претпладневните часови во Загреб. Разглед на градот: Плоштад Бан Јелачич, Уметнички Павиљон, МИМАРА, Хрватски народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камена порта, Хрватско народно собрание. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладнвните часови сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во договорено време состанок на групата пред хотел. Следи организиран трансфер  кон Арена Загреб каде ќе се проследи концертот на музичката дива  Селин Дион. По завршување на концертот , организиран трансфер до хотел. Ноќевање.


3ден/ 23.05.21 (недела) ЗАГРЕБ (факултативна посета на Плитвички езера) -  МАКЕДОНИЈА
Појадок во хотел. Одјавување од хотел. За љубителите на природата можност за посета на познатите Плитвички Езера (факултативно).Прогласени се за национален парк од 1949 година и представуваат најстар и најпосетен хрватски национален парк.Шумовит планински крај во кој се наоѓаат 16 различни по големина езера, исполнети со кристална модрозелена вода. Езерата добиваат вода од многубројни реки и потоци а меѓусебно се споени со водени каскади и водопади. Неповторлива убавина која што вреди да се посети... Во договорено време со представникот на агенцијата се поаѓа за Македонија. Патување назад со попатни паузи за одмор и пасошки и царински формалности. Пристигање во Македонија околу полноќ.


Цена на аранжманот: 169€ / 10.478мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со туристички автобус на релацијата по програмата,
  • - Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Загреб, на база 1 ноќевање со појадок,
  • - Разглед на Загреб,
  • - Влезница за концертот на Селин Дион,
  • - Професионален туристички придружник од агенцијата,
  • - Организација од туристичка агенција.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Факултативна посета на Плитвички Езера (превоз, влезница и водич),
  • - Патничко осигурување.


Напомена:

  • - Цената се однесува за трибини горе -  309 и 305 , за трибини горе 306. 307 и 308 како и бочно 304 и 310, влезницата е за 15 евра повисока. За избор на влезници од други блокови се пресметува цена при сама продажба на аранжманот.
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • - Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 = 62мкд
  • - За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • - За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • - Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • - Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • - Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • - За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • - Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • - Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси