TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ТИ ОКТОМВРИ / ИСТАНБУЛ

термин: 08.10 - 2ноќи | 79 / 4.900мкд

 

ИСТАНБУЛ


Истанбул - најкосмополитски град во светот, град на контрасти, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 08 октомври 2021 | 4 дена / 2 ноќи 

 

 
Сместување во хотел со 3* или 4* (област Лалели) 

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 08.10 (петок) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Куманово во 15:15 часот (Бензинска "Makpetrol" - Автопат), Скопје во 16:00 часот (Хотел "ВИП" - наспроти саем), Велес во 16:45 часот (Бензинска "Makoil" - Мотел Македонија), Штип во 16:00 часот (пред Стадионот). Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2ден / 09.10 (сабота) ИСТАНБУЛ (Хиподром | Сина Џамија | Аја Софија | Топ Капи | Вечера на брод)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. По кратка пауза се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Аја Софија (Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност која сега веќе е претворена во џамија. Палатата Топ Капи - музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Враќање во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечерта, факултативна вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со брод + трансфер). Mузичка програма (видео) (фолк танци / традиционални церемонии / ориентални танчарки), јадење и неограничени безалкохолни пијалоци (кафе / чај / вода / сокови). Прекрасна ноќна панорама на ИстанбулНоќевање.


3ден / 10.10 (недела) ИСТАНБУЛ (Панорамски разглед | Крстарење - Босфор | Долма Бахче Сарај | Сафир Сеир Тераси | Ноќен Истанбул)
Појадок. После појадокот, слободен ден за индивидуални активности или заминување на панорамски разглед на градот, со можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел... прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. Факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај - првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик - дел за мажите и Харем - делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. Факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме факултативна ноќна панорама на Истанбул. Посета на ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Слободно време за вечера и фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден / 11.10 (понеделник) ИСТАНБУЛ (Аквариумот Тurkuazoo | FORUM) - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на најголемиот трговски центар во Европа - FORUM, во кој се наоѓа Аквариумот TurkuazooПоаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи.


5ден / 12.10 (вторник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.


Цена на аранжманот: 89€ / 5.500мкд
за уплата до 24/09/21: 79€ / 4.900мкд


Дете до 6 години - 45€ / 2.800мкд   |   Дете од 6-12 години - 69€ / 4.300мкд   |   Еднокреветна соба + 35€ / 2.200мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- превоз на наведената релација со високо туристички автобус/минибус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* или 4* во Истанбул (област Лалели);
- посета на најголемиот трговски центар - FORUM ;
- посета на Аја Софија;
- посета на Сината Џамија;
- професионален туристички придружник;
- организација и реализација на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

- посета на Топ Капи Палатата  (влезница | локален водич) - 25€;
- панорамски разглед на Истанбул со локален водич на српски или македонски јазик - 15€ (задолжителна доплата при користење на сите/една од следните факултативи: крстарење по Босфор, Долма Бахче Сарај, Сафир Сеир Тераси);
- посета на Долма Бахче Сарај  (превоз | влезница | локален водич) - 20€;
- посета на Saphire Seyir Terasi  (превоз | влезница за 4D | локален водич) - 15€;
- посета на Аквариумот Turkuazoo  (превоз | влезница) - 15€;

  Долма Бахче Сарај + Сафир Сеир Тераси + Аквариум = ГРАТИС панорамски разглед!!  

- ноќен Истанбул (превоз) - 15€;
- крстарење со брод по Босфор (90 минутно дневно крстарење по Босфор со локален водич) - 20€;
вечера на брод (3 часовно ноќно крстарење со музичка програма, јадење и неограничено безалкохолно пиење + трансфер) - 35€;

ПАКЕТ од СИТЕ факултативи - 110€  |  СИТЕ факултативи со вклучена вечера на брод - 145€

- здравствено патничко осигурување;


Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 15 патници;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 


КОВИД ИНФО:

За влез во Турција потребно е да приложите еден од следните документи:

  1. Сертификат за примени две дози вакцина (поминати мин. 14 дена од втора доза);
  2. Сертификат за прележан КОВИД-19 од 1 до 6 месеци;
  3. Негативен PCR (не постар од 72ч.) или брз антиген тест (не постар од 48ч.); 

За влез во Македонија потребно е да приложите еден од следните документи:

  1. Сертификат за примени две дози вакцина (поминати мин. 14 дена од втора доза);
  2. Сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи го денот на оздравување;
  3. Негативен PCR (не постар од 72ч.) или брз антиген тест (не постар од 48ч.); 

За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


  

  


 

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.