TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ТИ ОКТОМВРИ / САНТОРИНИ

термин: 07.10-3ноќи | 179 / 11.100мкд

 С А Н Т О Р И Н И


Санторини е мал, тркалезен архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на Егејското море. 
Покрај класичната грчка сино-бела бајка, Санторини е единствениот остров на кој портокаловите и црвени земјени нијанси се мешаат со жолтото сонце, зелените површини и пастелните фасади. Санторини е некогашен вулкан, и тоа многу активен, сместен 300km југоисточно од Атина. Самата мешавина од карпи и сол ја создала фантастичната палета од бои и нијанси по кои е препознатлив овој грчки остров. Тука грчката култура на живеење е доведена до хедонистички врв. Нешто што не се пропушта е дегустацијата на врвни локални вина, бројни салати и морски плодови. Дури и плажите на Санторини доаѓаат во многу облици и бои. Всушност, мапата на плажи е распоредена по боите - Црвена плажа, Бела плажа, Црна плажа... Санторини е едно од ретките места каде можете буквално да лежите на лава. Плажите со црн и топол песок се туристичка атракција која не смее да ја пропуштите, а воедно се и неверојатно мирни и тивки дури и во врвот на сезоната. Што се однесува до урбаната страна и самата градба, ако се упатите кон Санторини и прошетате низ најпознатото туристичко место Оиа, сигурно ќе искачите неколку илјадници скалила за само неколку дена. За крај, пронајдете си го омиленото место и дозволете му на зајдисонцето да го финишира ова прекрасно патување.

 

 

Tермин: 07 Октомври 2021 | 5 дена / 3 ноќи | Aвтобус

   

1ден/ 07.10 (четврток)  СКОПЈЕ - ПИРЕА
 Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15:00ч. Се патува преку граничен премин Богородица со попатни паузи.


2ден/ 08.10 (петок)  ПИРЕА - САНТОРИНИ
Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25ч. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30 часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација и пријавување интерес за факултативните излети. Предлагаме посета на Oia(Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи. Ноќевање.


3ден/ 09.10 (сабота)  САНТОРИНИ
Појадок. Целодневен факултативен излет - FULL DAY SANTORINI. Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа. Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио. Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.


4ден/ 10.10 (недела)  САНТОРИНИ
Појадок. Слободен ден или факултативно Kaldera morning - cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni - стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води. Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.  Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.


5ден/ 11.10 (понеделник)  САНТОРИНИ - ПИРЕА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина. Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

Пристигнување во Скопје во утринските часови наредниот ден.


Цена на аранжманот: 179€ / 11.100мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено: 
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје - Пиреа - Скопје;
- Трансфер со брод на релација Пиреа - Санторини - Пиреа;
- Трансфер пристаниште - хотел - пристаниште;
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Периса;
- Организација и придружник на патувањето.


 Во цената на аранжманот не е вклучено: 
- Oia (Иа), залез на сонце - 15€;
- Full day Santorini - 35€ (превоз + водич);
- Kaldera morning - (крстарење со брод+водич) - 35€;
- Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј (превоз+влезница за винарија+водич) - 18€;
- Доплата за еднокреветна соба 3.200денари;
- Задолжително патничко осигурување 210 денари;
- Туристичка такса (3€ по лице за три ноќи - се плаќа во агенција).


Напомена:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 30 патници.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.


За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.