TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври/ КАПАДОКИЈА

термин: 06.10-3ноќи | 199 / 12.340мкд


К А П А Д О К И Ј А

 

(Kaпадокија / Солено Езеро Туз Ѓолу / Анкара)

 

  


Термин: 06 Октомври 2022 | 6 дена / 3 ноќи | Автобус 

 

 

1ден/ 06.10 (четврток)  СКОПЈЕ -  АНКАРА
Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центарБорис Трајковски во 09.30 и поаѓање во 10.00 ч.  Се патува преку граничниот премин Богородица, покрај Солун, Текирдак, Истанбул, Анкара. За време на возењето, нашиот водич ќе ве запознае со самата програма и првите приказни и легенди поврзани со ова патување.  Ноќно возење. 


2ден/ 07.10 (петок) АНКАРА - СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ - ЃОРЕМЕ КАПАДОКИЈА

Анкара: Пристигнување во утринските часови. Посета на Аниткабир, Мавзолејот посветен на Кемал Ататурк. Патувањето продолжува  кон Кападокија со  пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро... По одморот, продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија.  
ЃОРЕМЕ:Пристигнување во попладневните часови.Навлегуваме во Гореме покрај  првите „самовилини оџаци„ Општината, улиците со сувенири и ресторани ,Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe. Во слободно време преддлагаме да го посетите брдото од каде ќе уживате во панорамата на Гореме и Кападокија (влезница 3 ТЛ).

Сместување во одбран хотел.  Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе или пиво Ефес, со панорамски поглед на Ѓореме. Вечера. Ноќевање.


3ден/ 08.10 (сабота)  КАПАДОКИЈА: ЛЕТ СО БАЛОН - МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - ТУРСКА ВЕЧЕР

ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа  авантура  никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако...чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.*Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

Појадок.  Слободно предпладне или препорачуваме полудневно возбудување:

МИСТИЧНА КАПАДОКИЈАВо водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.
Долината на „Трите Убавици„ Почнуваме со посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”.
* Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.
* Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Вистинско време за едно  вистинско турско кафе или турски чај. Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша.  Посета на фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.
* Ортахисар.Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате пркрасен панорамски  поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии.  Ручек во локален ресторан. 

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме,  или.....  

Попладне, ново возбудување ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

- “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола за управување не е потребна)        или.... 
- “BUS SUNSET TOUR”:  Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина:  Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка  по падините на вулкнското брдо уживајќи  во  најубавиот залез на сонцето од Црвената ДолинаЗа љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка. Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани  цркви во Кападокија што треба да се посетат.  Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в. Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака - Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.

Враќање во хотел.

 Турска вечер : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Ноќевање.


4ден/ 09.10 (недела)  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА - " МАГИЧНА КАПАДОКИЈА "
Појадок. Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:  

Замокот Учхисар: Почнуваме со панорамски поглед кон највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите. Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан. Потоа го посетуваме подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река...

По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  Враќање во хотел.

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата. Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Враќање во хотел.  Вечера.Ноќевање .


5ден/ 10.10 (понеделник)  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА "СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА" - АНКАРА
Појадок. Го сместуваме багажот во автобус. Слободен ден.
Предлагаме особено возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”-  Одиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год. Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.  После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини: 
Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”. 
Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.
Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

Полни со впечатоци, во попладневните часови поаѓаме кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Форум во Невшехир. Патувањето води покрај Анкара, Истанбул, Теркирдак. Патуваме преку Грција, гр. премин Богородица, со попатни паузи.


 6ден/ 11.10 (вторник) АНКАРА - СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните  часови.


 

ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел и услуга во Кападокија 

 

 

* TOURIST хотел 4* во Гореме199€ / 12.340 ден-за уплати до 31 Август/ Редовна цена:220€ -13.640 ден 

 

* OSMAN BEY – Cave/stone хотел во Гореме: 210€ / 13.020 ден-за уплати до 31 Август / Редовна цена:235€ -14.570 ден

 

* КAYA  4* – De luxe Cave/stone хотел во Ѓореме: 225 € / 13.950 ден-за уплати до 31 Август / Редовна цена:255€ -15.810 ден

 

* Доплата за 3 Полупансиони :  30€/ 1.860 ден. по лице  (резервација  при уплата на аранжманот) * Полупансионот е  во OSMAN BEY хотел, Ѓореме

 

 

 

“ТOURIST” хотел 4*: Сместен во Гореме, на плато од каде полетуваат балоните, со поглед на Музејот на Отворено и на Самовилините оџаци. На само неколку мин. од центарот на Гореме. Со голем базен пред самиот ресторан. Пространи соби со бања и тоалет, клима, ТВ. Wi-Fi

 

“OSMANBAY” Cave/Stone хотел во центарот на Гореме ... – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, бања и тоалет, клима/греење...Со прекрасен поглед од терасата на хотелот кон многуте Самовилини оџаци и панорамата на Гореме.Wi-Fi. Ограничен број на соби. Дополнителни соби, во блиските cave.хотели.

 

 “KAYA 4*” de lux Stone хотел, 500 m од центарот на Гореме . Сместен во автентичен амбиент на Кападокија, на возвишување со  прекрасен поглед кон Долината на Гулабите од една страна и Гореме од друга страна. Конфорно опремени соби со уникатен дизајн од Кападокија. Располага со затворен, загреан базен, Сауна, Амам ( вклучени во цената). Wi-Fi


 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • 3 Ноќевања со појадок  х. TOURIST 4*во Ѓореме  https://www.touristhotel.com.tr   или
  • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во х. OSMAN BEYCAVE HOUSE  http://osmanbeycavehouse.com   или
  •  3 Ноќевања со појадок  х. KAYA  4*во Ѓореме  https://http://www.goremekayaotel.com 
  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,Прошетка низ Гореме,
  • Посета на Аниткабир во Анкара
  • Посета на трговски центар Форум во Невшехир
  • Организација на патувањето и секако лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко здравствено осигурување : 250 мкд, (Задолжително, Агенцијата посредува)
  • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
  • Доплата за еднокреветна соба :  Хотел 4* 3600 ден, Cave: 3900 ден 
  • Избор на седиште во автобус (освен прв ред): 10 евра

 


 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во Кападокија

 

  •  “Магична Кападокија”,    вклучен ручек (без пијалок), влезници,превоз, локален водич: (50€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), влезници, превоз, локален водич: (50€),
  • “Мистична Кападокија”, вклучен ручек (без пијалок), влезница,превоз, локален водич : (40€),

 

 

 

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА

 

“Магична Кападокија”+“Срцето на Кападокија”+“Мистична Кападокија” = 120 €

 

  •  “ATV SUNSET TOUR, трансфери, водич, 2 часа возење, кацига:(20€) по лице   (мин 2 лица по АТВ)
  •  “BUS SUNSET TOUR”: залез на сонцето од Црвената долина, превоз, прошетка низ долината, посета на црквата на крстот,  локален водич: (15€),
  • Турска вечер со шоу програма,вечера, мезе и неограничен пијалок, превоз, локален водич: (30€),
  • Танц на дервишите : церемонија, превоз, локален водич: (25€),
  • Лет со балон  - (од 160 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.* Цената варира во зависност од побарувачката и може да претрпи промени.  
  • Јавање на Камили – 1 час:  25€
  • Јавање на коњи –     1 час: 25€
  • Утринско JEEP SAFARI – 2 часа: 30 €  (мин.4 лица)

 

 

 

 Плаќањето на факултативните излети е кај водичот на групата, во Турција.

 

Напомена: 

- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
- За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
- За ЛЕТ СО БАЛОН, задолжителна е предрезервација во агенција при пријавувањето.
- Цените на влезниците и летот со балон може да претрпат промени во зависност од цените на влезниците во моментот на посета.


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.