TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври / Фиренца - Чинкве Тере

термин: 07.10-3ноќи | 229€ / 14.200мкд


Ф И Р Е Н Ц А


 


 Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 07 Октомври 2022

 

1ден/ 07.10 (петок)  СКОПЈЕ - МОНТЕКАТИНИ
Состанок на групата во 10:30ч.на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 11:00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.


2ден/ 08.10 (сабота)  МОНТЕКАТИНИ - ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
Пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови посета и прошетка на ПизаПиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиеранекогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.


3ден/ 09.10 (недела)  МОНТЕКАТИНИ - ЧИНКВЕ ТЕРЕ - МОНТЕКАТИНИ
Појадок.После појадкот заминување (08:00ч.) на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот со  водич. Пристигнување во градот La Speziaод каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia.Поаѓање за Монтекатини.Ноќевање.


4ден/ 10.10 (понеделник)  МОНТЕКАТИНИ - СИЕНА - САН ЏЕМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ
Појадок.После појадокот заминување на целодневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, PallazoSalimbeniи Piazza Salimbeniи плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio...Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignanodala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIIIи XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини.Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини.Ноќевање.


5ден/ 11.10 (вторник)  МОНТЕКАТИНИ - ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот (08:00) заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити...Во попладневните часoви (17:00- 18 :00) поаѓање за Скопје.. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.


 6ден/ 12.10 (среда)  СКОПЈЕ      

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.


Цена на аранжманот: 259€ / 16.060мкд
За уплата до 31.08.22: 229€ / 14.200мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобусна дадената релација
  • - Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
  • - Вечерна посета на Пиза
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, CinqueTerre card – воз  до 5-те места, користење на wi-fi , трансфер од железничка до центар на Ла Специја, водич ) - 50€
  • - Посета на Сиена и Сан Џимињано (трансфер,  водич) - 50€
  • - Задолжителна посета на Фиренца - 30€
  • - Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ на ден по лице,се плаќа во Монтекатини)
  • - Патничко здравствено осигурување(без франшиза)- 250 ден (за лица до 60 год)
  • - Доплата за еднокреветна соба 4.960 ден.
  • - Индивидуални трошоци

Напомена:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место  на поаѓање.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.