TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври / Милано

термин: 07.10 - 3ноќи | 239 / 14.820мкд

 

 
М И Л А Н О

 

Лугано-Комо-Сирмионе 

"Северниот бисер“ на Италија како го нарекуваат Милано, е современ град со бурна историја и стари градби, центар на светската мода. На прв поглед Милано изгледа како грациозен модел на писта со одлична коскена структура, екстравагантен стил и без очигледна душа. Најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „La Scala”. Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата. Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, фабулозната аперитив сцена или во некој од жешките клубови до раните утрински часови.

 


Автобус | 6 дена - 3 ноќи / термин: 07 Октомври 2022

 

 

1ден/ 07.10 (петок)  СКОПЈЕ - МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски  во 10:00 часот.Поаѓање за Милано во 10:30 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце.патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.


2ден/ 08.10 (сабота) МИЛАНО
Предпладне пристигнување во  Милано.  По пристигнувањето   одиме на   разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки... Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 09.10 (недела)  МИЛАНО - ЏЕНОВА
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Џенова... вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот ( под заштита на УНЕСКО)-   Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг . Враќање во Милано.  Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.


4ден/ 10.10 (понеделник)  МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО 
Појадок.  Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки.  Потоа го посетуваме  градчето Комо кое се наоѓа на брегот  на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод  покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки.  Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часовиНоќевање. 


5ден/ 11.10 (вторник)МИЛАНО - СИРМИОНЕ - СКОПЈЕ  
Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Слободно претпладне во центарот на Милано Во договор со водичот патувањето  продолжува кон Сирмионе - езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки.  Патувањето  кон Скопје продолжува  преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.


6ден/ 12.10 (среда) СКОПЈЕ
Пристигнување во вечерните часови.  


Цена на аранжманот: 239€ / 14.820мкд
За уплата до 31.08.22: 219€ / 13.580мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје
  • - 3 ноќевања во хотел 3* НП во Милано(околина)
  • - Посета на Сирмионе
  • - Организација на аранжманот
  • - Лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • - Задолжително патничко осигурување  210мкд
  • - Разглед на Милано со локален водич 15€
  • - Факултативен излет за Лугано и Комо  45€
  • - Крстарење по езерото Комо(30мин) 15€
  • - Посета на Џенова 40€
  • - Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  • - Доплата за еднокреветна соба – 4.650мкд.

Напомена:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници. 
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари. 
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање. 
  • Попустите не се комбинираат. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање. 
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди времеи место  на поаѓање.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.