TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври / Прага - Карлови Вари - Виена (2 ноќи)

термин: 07.10-2 ноќи | 169 / 10.478мкд


ПРАГА со посета на Виена

Факултативна посета на Карлови Вари

 

 

 Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 07-11 Октомври 2022 



1ден/ 07.10 (петок)  СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 10:00ч. Поаѓање на автобусот  10:30ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.


2ден/ 08.10 (сабота)  ПРАГА
Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки.   Ноќевање.


3ден/ 09.10 (недела)  ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен  излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка .  Враќање во Прага во доцните попладневни часови . Предлагаме  крстарење со брод по реката В’лтава.  Слободно време.  Предлагаме  посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки... Ноќевање 


4ден/ 10.10 (понеделник)  ПРАГА - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.


5ден/ 11.10 (вторник)   СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.


Цена на аранжманот: 169€ / 10.478мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел со 3* во Прага, на база 2 ноќевања со појадок;
  • - Организиран разглед на Виена;
  • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Крстарење по В'лтава - 20€;
  • - Организиран разглед на Прага со локален водич - 15€;
  • - Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич - 40€ 
  • - Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (40€) 
  • - Туристичка такса 2 евра по лице на ден
  • - Влезници за музеи и локалитети
  • - Доплата на еднокреветна соба 3.100мкд;
  • - Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 175мкд;
  • - Индивидуални трошоци.

Напомена:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена до поаѓање;
  • Плаќањето се врши исклучиво во денерска противвредност по курс 1 евро=62 денари;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

 


За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.