TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври / Виена

термин: 07.10-2ноќи | 169 / 10.480мкд

 

В И Е Н А

 

   

 
 Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 07 Октомври 2022

 

1ден/ 07.10 (петок)  СКОПЈЕ - ВИЕНА
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.30 ч. и поаѓање за Виена во 15:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.


2ден/ 08.10 (сабота) ШОПИНГ ЦЕНТАР PARNDORF -  ВИЕНА 
Пристигнување во претпладневните часови во  eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај  ВиенаПредлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.


3ден/ 09.10 (недела)  ВИЕНА (Шенбрун & Дунавска кула)
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед -  360о на градот).Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.


4ден/ 10.10 (понеделник)  ВИЕНА (Виенски шуми) 
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5ден/ 11.10 (вторник)  СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови. 


Цена на аранжманот: 169€ / 10.480мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус
  • - Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • - Професионален туристички придружник
  • - Организација и реализација на програмата
  • - Посета на шопинг центар Parndorf

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Разглед на Виена со локален водич – 15€
  • - Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 40
  • - Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич - 40€ 
  • - Дунавска Кула (превоз + влезница) – 20€
  • - Патничко осигурување – 175 ден (за лица до 60 год)
  • - Доплата за еднокреветна соба – 3.100 мкд

 

 


Напомена:

  • - За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • - Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари. 
  • - За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање. 
  • - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање. 
  • - Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.

 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.