TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври / Венеција - Верона - Трст

термин: 07.10-2ноќи | 149 / 9.240мкд

 

В Е Н Е Ц И Ј А

Верона & Трст

 

 

 

 Автобус | 5 дена - 2 ноќи / термин: 07 Октомври 2022

 

 1ден/ 07.10. (петок)  СКОПЈЕ - ТРСТ

Состанок на групата во 11.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 12.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.


2ден/ 08.10. (сабота)  ТРСТ - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо... Слободно време за индивидуални прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесоло.  Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки низ Лидо. Ноќевање.


3ден/ 09.10. (недела)  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - МИЛАНО - ВЕРОНА
Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано. По пристигнувањето   одиме на   разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон  Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра.  Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.


4ден/ 10.10. (понеделник)  ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ВЕНЕЦИЈА - СКОПЈЕ
Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко.  Во договор со водичот поаѓање кон Скопје.  Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.


5ден/ 11.10. (вторник) СКОПЈЕ  
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


 Цена на аранжманот: 149€ / 9.240мкд  


 Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
  • - Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Венето;
  • - Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

  • - Задолжителна посета на Трст 10€

  • - Превоз + бродски билет до/од Венеција  30 €
  • - Посета на Милано и Верона 50 €
  • - Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2   по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
  • - Влезници за музеи и споменици
  • - Задолжително патничко осигурување 175 мкд
  • - Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари

Напомена:

  • За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
  • За уплата, исклучиво во денарска противвредност.

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и МЕДИТЕРАН.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.