TA Mediteran

Автобуски програми | 11-ти ОКТОМВРИ

11-ти Октомври | Истанбул

термин: 07.10 - 2ноќи | 89 / 5.520мкд

 

И С Т А Н Б У Л


Истанбул - нај космополитски град во светот, град на контрасти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности, единствен град кој ги преплавува сите сетила. Истанбул ќе ве освои бидејќи е многу повеќе од само име од историјата, кај вас ќе разбуди сосема поинакви чувства, ве пречекува опсипан со светлина, град кој никогаш не спие - улици полни со весели луѓе, шаренило од бои, мириси, идеален спој на култура и религија, место на кое се состануваат Европа и Азија.

 


Термин: 7 Октомври 2022 | 5 дена / 2 ноќи | Aвтобус

 

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 07.10 (петок) МАКЕДОНИЈА - ИСТАНБУЛ
Поаѓање во попладневните часови (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Кочани, Виница, М.Каменица, Делчево). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.


2ден / 08.10 (сабота) ИСТАНБУЛ (Ортакој | Sphire Seyir Terasi | Таксим)  
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка, предлагаме посета на  Капали Чаршија, Хиподромот и Сината Џамија, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето во чаршијата. 

- Ортаќој. Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат традиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии.
- Oблакодерот Сафир. По посетата на Ортакој, групата продолжува со автобусот во посета на еден од најдобрите облакодери во Истанбул. Облакодерот „Сафир“, ова е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекција од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул. 
- Плоштадот Таксим. По посетата на Сафир, денот завршува на плоштадот Таксим и познатата уличка „Истикал“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, овде се движи и познатиот трамвај, а ова значи дека групата има идеална можност за прошетка по улицата и возење во познатитот трамвај!. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден / 09.10 (недела) ИСТАНБУЛ (Долма Бахче Сарај Крстарење - Босфор  |  Ускудар |  Emaar & Watergarden |  Галата Порт)
Појадок. По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
-Долмабахче палата - Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини.  Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година. 
-Крстарење по Босфор - ова е крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу. 
-Ускудар (Uskudar) - Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Од Ускудар има преубав поглед кон европскиот дел и секако познатата кула Девојачката Кула или Моминската кула (Kiz Kulesi) каде ќе направите фантастични фотоградии. Слободно време за ручек.
-Еmaar Square Mall - Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и пртставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. 
-WaterGarden - покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Враќање во хотел.
-Галата Порт - Галата Порт претставува најновото пристаниште кое се протега на должина од 1,2 км, има ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.  Ноќевање


4ден / 10.10 (понеделник) ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА (Продавница Коска | Forum | Turkuazzo)
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и посета на продавницата КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално слатко за дома. Од Коска следува време за шопинг во најголемиот шопинг центар ФОРУМ во Истанбул со можност за посета на најголемиот аквариум Туркуазу. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу 2 ипол до 3 часа слободно време за шопинг. По шопингот, поаѓање кон Македонија.


5ден / 11.10 (вторник) МАКЕДОНИЈА     
Пристигнување во Македонија во утринските часови.


Цена на аранжманот: 99 / 6.140мкд

за уплата до 30.09.22:   89 / 5.520мкд


Дете до 12 години - 50% попуст  |   Еднокреветна соба + 50€ 


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • - Превоз со високо туристички автобус;
  • - Две ноќевања со појадок во хотел 3* во близина на Капали чаршија;
  • - Посета на шопинг центар 212 Outlet;
  • - Придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • - пакет 1: ОртаќојSaphire Seyir Terasi + Таксим (факултативите не можат да се користат одделно)- 35€;
    - пакет 2: крстарење со брод по Босфор +  Ускудар + Emaar Square Mall Watergarden + Галата Порт (факултативите не можат да се користат одделно)- 60€;
    - посета на Долмабахче - 30€;
    - ВИП пакет: Ортаќој + Saphire Seyir Terasi + Таксим +  крстарење со брод по Босфор +  Ускудар + Emaar Square Mall Watergarden + Галата Порт- 85€; 
    - Turkuazzo аквариум - околу 15€ се плаќа на лице место 
    - здравствено патничко осигурување.

Напомена:

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
- Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари. 


 

За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.


 


 

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.