TA Mediteran

Автобуски програми | 23-ти ОКТОМВРИ

23-ТИ ОКТОМВРИ | Сараево

  термин: 21.10-2ноќи | 89€ / 5.518мкд

С А Р А Е В О 

 

Термин: 21 Октомври 2021 | 4 дена / 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 21.10 (четврток) МАКЕДОНИЈА - ВИШЕГРАД
Поаѓање од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето е во попладневните часови. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.


2ден/ 22.10 (петок) ВИШЕГРАД - САРАЕВО
Пристигнувањето во Босна и Херцеговина е во утринските часови. По влегувањето во Босна на околу 20км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот. По посетата на Вишеград, автобусот продолжува со возење до Сараево каде групата се сместува во хотел. Во хотелот во Сараево групата одмара од патувањето, а по паузата во програмата е предвидено да се посети „Тунел Спаса“. Ова факултатива ќе ви раскаже многу за историјата и борбата на босанскиот народ. Патниците кои нема да се одлучат за факултативата, остануваат во хотел и во договореното време заедно со останатите кои ќе ја искористат факултативата продолжуваат во разглед на Сараево. Во Сараево групата има слбодно време за индивудуални прошетки, по што во договореното време се враќа во хотелот. Ноќевање.


3ден/ 23.10 (сабота) САРАЕВО - МОСТАР - САРАЕВО
Појадок. Во нашата програма за третиот ден се предвидени факултативни излети како:
- посета на бункерот на Тито;
- посета на Јабланица (Мостот „Битна на Неретва);
- посета на Мостар за индивидуално уживање во градот.
По исцрпната тура, групата се враќа во Сараево, доколку има интерес може да се организира дружба или ноќно излегување. Ноќевање.


4ден/ 24.10 (недела) ВРЕЛО БОСНЕ - ДРВЕНГРАД - МАКЕДОНИЈА
Појадок. Последниот ден има факултативен излет до „Врело Босне“ каде има околу два часа за кафе и ручек, а потоа заедно сите се упатуваме кон Дрвенград, едно доста интересно и филмско градче во кое верувајте ќе уживате. Агенцијата ви овозможува кратка кафе пауза во градчето, по што продолжуваме кон Македонија.


 Цена на аранжманот: 89€ / 5.518мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:
- две ноќи во хотел со појадок;
- автобуски превоз;
- посета на Вишеград;
- разглед на Сараево;
- посета на Дрвенград.


Во цената на аранжманот не е вклучено:
- патничко осигурување;
- босански пакет со факултативи (Посета на Тунел Спаса, Бункер Тито, Јабланица и Мостар, Врело Босне) - 45€;
- туристичка такса до 2 која се плаќа задолжително во автобус;
- крстарење по Дрина во Вишеград од 5 по лице;
- во врска со користењето на факултативите, патниците се должни да се изјаснат дали ќе го користат „Босанскиот пакет“ додека ја вршат уплатата во канцеларија. Ваквата политика се применува се со цел да може да се резервираат потребните влезници.


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss
Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.