TA Mediteran

Автобуски програми

24 МАЈ | Будва & Острог

термин: 21.05 - 2ноќи | 60 / 3.720мкд

 

Б У Д В А


со посета на Острошки Манастир 

  

Термин: 21 Мај 2021 | 4 дена - 2 ноќи со појадок и вечера | Aвтобус

сместување во Хотел PARK 3* на сама плажа во Будва или во приватна вила
 

1ден 21.05 (петок)   ШТИП/СКОПЈЕ - БУДВА
Поаѓање од Штип во 21:30 часот пред Новата пошта. Од Куманово во 22:00 кај рафинерија Окта. Поаѓање од Скопје во 22:30 часот на паркингот пред VIP хотел (наспроти Скопски саем). Ноќно возење преку Косово и Албанија со паузи за одмор и царински формалности.


2ден 22.05 (сабота)  ПОДГОРИЦА - ОСТРОШКИ МАНАСТИР - СВ.СТЕФАН - БУДВА 
Пристигнување во Подгорица во утринските часови. Посета на Delta City Mall. Кратка пауза и продолжување кон Манастирот Св. Василие Острошки, сместен на висок масивен карпест дел кој претставува најголемо Црногорско светилиште секако и најпосетуван манастир на Балканот. Основан од страна на Св. Василие во 17 век посетен од приближно 300.000 верници во текот на годината. Моштите за кои се верува дека се чудотворни се наоѓаат во горниот манастир. Слободно време за разглед на Манастирот. Во попладневните часови заминување кон Будва. Кратка пауза над Св.Стефан за фотографирање (нај атрактивното и нај монденското летувалиште во Црногорско приморје). Сместување во хотел Park 3* со вечера или во приватна вила. Ноќевање.


3ден 23.05 (недела)   БУДВА - КОТОР - ПЕРАСТ - БУДВА
Појадок. Организирана факултативна посета на Пераст и Котор со разглед на градот со локален водич- град заштитен од Унеско како светско културно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Во договорено време заминуваме со брод Пераст. Со сигурност е една од најатрактивните дестинации во Бокакоторскиот залив. Овој мал стар град е специфичен по многу нешта. Денес Пераст е една од најлуксузните дестинации во Црна Гора, во градот има голем број на музеи и цркви.  По попладневните часови, враќање во Будва.. или слободно време за одмор или прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град на Будва, цитаделата, бројните кафулиња и ресторани. Ноќевање.


4ден 24.05 (понеделник)  БУДВА - МАКЕДОНИЈА
Појадок.
Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време околу пладне, поаѓање кон Макдонија. Ноќно возење низ Албанија и Косово со попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.


 

Цена по лице во хотел Park 3*: 95€ / 5.890мкд | ПРОМО цена до 15мај 85€ / 5.270мкд
Цена по лице во приватна вила:  60€ / 3.720мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со туристички автобус на наведената релација;
- Посета на трговскиот центар  Delta City Mall;
- Посета на Острошки Манастир;
- Попатна посета на Св.Стефан;
2 ноќи со појадок и вечера во economy соби во хотел Park 3* на сама плажа во Будва или во приватна вила без исхрана;
- организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник.


 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- Туристичка такса во Манастирот Острог 1€ /задолжителна доплата во автобус;
- Превоз со комбиња од долниот манастир каде што се паркира автобусот до горниот манастир 2€ по лице во 2 правци (се плаќа на ице место), доколку некој сака да се качи пеш до манастирот има околу 800 скали за качување. Околу 20мин.
- Доплата за еднокреветна соба во хотел +25€ од цената на аранжманот;
Факултативна посета на Котор со водич + Брод до Пераст + трансфер 25€ (мин. 20 лица за реализација);
- Дете до 6 години - 30€ (добива исти услуги како и возрасен, сместување во кревет со родител и седиште во автобус);
- Прво дете 6-14 години - 45€ (добива исти услуги како и возрасен);
- Второ дете 6-14 години - 45€ (добива исти услуги како и возрасен, сместување во ист кревет со прво дете);
- Патничко осигурување 150мкд по лице.


 Напомена: 

- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 35 патници. Се патува според важечки протокол за патување. 
- Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени патници да го откаже аранжманот 7 дена пред поаѓање.
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, културни-историски институции, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите или факултативите во програмата.
- За овој програм може да се патува и само со лична карта и НЕ е потребен PCR тест.
- Доколку дојде до одредени промени, односно затворање на Граници, рестрикции поради COVID или слично, агенцијата во целост ги рефундира уплатените средства на патниците.
- Доколку патникот сам по негова воља го откаже патувањето, рефунадција се врши според општи услови на патување.
- За резервација, потребна е аконтација од минимум 1.000мкд, остатокот се доплаќа најкасно до 7 дена пред поаѓање.


Опис и галерија на хотелот во БУДВА

 

Хотел Park 3* во Будва спаѓа во категорија на хотели располагаат со удобност и многу погодности како начин за да ги задоволат потребите на сите клиенти. Се наоѓа на морскиот брег на неколку чекори од волшебната Словенечка плажа, заглавен во изобилството на зеленило што во топлите летни денови дава не само природно засолниште, туку и низа медитерански мириси со богато освежување на озонот. Освен тоа што е покрај морскиот брег од кој доаѓаат звуците на брановите, на гостите им нуди и убавина на задоволство во хотелскиот парк, како и радост за лесно шетање по дизајнираниот џеталист што го поврзува Стариот град на Будва со Бечичи.

    

    


 За овој аранжман важат Општите услови на патување на МЕДИТЕРАН и СКТМ.

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси