TA Mediteran

Автобуски програми

24ти МАЈ | Бар и Улцињ

термин: 21.05 - 2ноќи | 149 / 9.240мкд

 

С К А Д А Р С К О   Е З Е Р О

(Бар | Улцињ)

 

Велат дека меѓу жителите на Скадарското Езеро важи правилото: детето прво ќе го научиш да плива па дури потоа да оди. И уште една мала шала останува како дилема:како водата од езерото истекува во морето ако е тоа многу пониско од него...За овие и за многу други легенди во нашето патување кое ќе не` однесе до едиствениот црногорски град Бар кој има излез на  два брега-морски и езерски,до гусарското гнездо во Улцињ на југот од Јадранот и до над 2000 години старото маслиново дрво под кое се смирувале завојуваните војски а клетвата го стигнувала секој кој ќе се обидел да го исече...

Термин: 21 Мај 2021 | 4 дена - 2 ноќи | Автобус

 

1ден/ 21.05 (петок)  СКОПЈЕ 
22:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје кон  Црна Гора со туристички автобус. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор.


2ден/ 22.05 (сабота)  БАР
Пристигнување во Бар во утринските часови. Сместување на групата во хотел „Princess” 4*. Хотелот се наоѓа на најатрактивниот дел на Бар покрај шеталиштето, на самиот морски брег. По краткиот одмор од патувањето заминуваме на организиран разглед на стариот град Бар со локален туристички водич. Тоа е единствениот стар град на црногорското приморје кој не е на морскиот брег и не е „жив“ град и претставува вистински археолошки музеј под отворено небо. Се качуваме по старата калдрма до самиот влез, до главната порта каде времето запира и од каде започнува историјата испреплетена во објектите од византискиот и венецијанскиот период како и од турското царство. Градот со историја подолга од 2500 години веќе одамна не е населен, поплочените патеки се обраснати со трева а остатоците од старите градби обвиени со бршлен. Тука ќе прошетаме низ бескрајно тесните улички и ќе се фотографираме пред зачуваните фрески и рељефи. Во попладневните часови се враќаме во хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки и користење на содржините во хотелот кој поседува wellness и spa центар и надворешен базен (доколку дозволат епидемиолошките мерки и поволните климатски услови) . Ноќевање. 


3ден/ 23.05 (недела)  БАР - СКАДАРСКО ЕЗЕРО
Појадок. Со локален туристички водич се упатуваме на целодневен излет кон најголемото езеро на Балканот-Скадарското Езеро. Првото одредиште е малото рибарско село Вирпазар кое лежи на местото каде се спојуваат реките Црмница и Ораховштица и се вливаат во Скадарското Езеро. Кратка пауза за прошетка низ селото кое е прочуено по одгледувањето на виновата лоза и маслинките, а го карактеризираат куќите со автентична архитектура и камените мостови. Потоа се качуваме на брод и започнува нашата нова авантура-разгледување на пределот околу Скадарското Езеро кое е дел од истоимениот Национален парк, еден од најголемите во Европа. Мештаните велат дека туристите мораат да го доживеат ова за можат да поверуваат дека такви природни убавини навистина постојат. Се упатуваме кон најдлабокото место на езерото, островот Грмозур, или како што уште го нарекуваат Црногорскиот Алкатраз, бидејќи тука во XIX век старата турска тврдина била претворена во затвор. Всушност, тоа бил првиот организиран затвор на овие простори кој имал свој правилник-тука на пример стражарите, затворениците и послугата морал да бидат непливачи, а во случај на бегство на некој затвореник, одговорниот стражар морал да продолжи да ја одлежува неговата казна затвор. Од таму се упатуваме кон островот Лесендро за кој се вели дека е рана која Његош не можел да ја преболи. Всушност, ова се однесува на настанот од пред 170 години кога Турците го освоиле островот, па во мемоарите на војводата Илија Пламенац се вели дека владиката си ја навлекол болеста на себе од тага што не можел да си го поврати островот. Многу убавини крие ова езеро, а ние ја продолжуваме пловидбата во хармонија со флората и фауната-езерото е дом на над 280 видови птици од кои далматинскиот пеликан и црниот ибис освен тука не се наоѓаат на ниедно друго место на европската територија, како и на околу 48 видови риби од кои 15 се ендемски видови. Чудесно убавата природа е надополнета со цветовите на снежно белите водени лотоси кои посебно ќе не` воодушеват. Доколку дозволат временските услови ќе направиме пауза за плажа, а потоа се враќаме назад кон селото Вирпазар каде имаме организиран ручек во ресторанот Вински Бар. Во доцните попладневнио часови враќаме во хотелот во Бар. Ноќевање.


4ден/ 24.05 (понеделник)  ОСЛО (КРСТАРЕЊЕ) КОПЕНХАГЕН
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Улцињ. Попатно го посетуваме Споменикот на природата „Старата маслинка“ која вегетира повеќе од 2000 години и е заштитен знак на градот Бар. Продолжуваме кон стариот град Улцињ опколен со киклопски ѕидини кој ги чува тајните на минатото. Меѓу неколкуте плоштади најинтересен е Плоштадот на робовите каде гусарите некогаш ги продавале робовите, а една од приказните е и дека славниот шпански писател Miguel de Servantes наводно во својата младост бил роб на тамошните гусари, а неговиот татко морал да го продаде целиот свој имот за да го ослободи својот син. Исто така се верува дека своето познато дело Дон Кихот го напишал токму тука, а на девојката и` го дал името Dulćinea по тогашното име на градот. На Плоштадот на робовите се наоѓа и градскиот музеј, мал комплекс кој е составен од три згради: црква-џамија од 14. век во која се наоѓаат бројни археолошки остатоци, кулата Balšića од 12. век која се користи за уметнички изложби и во третата зграда се наоѓа етнографска колекција. Западниот дел од градот крие величествени градби кои биле резиденција на црногорските владетели, а палатата Венеција припаѓала на градските гувернери. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови. 


 Цена на аранжманот: 149€ / 9.240 мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со туристички автобус
- Две ноќевања со појадок  во хотел „Princess” 4* во Бар
- Користење на внатрешниот и надворешниот базен во хотелот (доколку дозволат епидемиолошките мерки)
- Организиран разглед на стариот град Бар со вклучена влезница
- Пловидба по Скадарското Езеро
- Организиран ручек во ресторан во Вирпазар
- Организирана посета на старата маслинка-споменик на природата
- Организиран разглед на градот Улцињ со вклучена влезница во Градскиот Музеј
- Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
- Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето


Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Доплата за еднокреветна соба 24 (за двете вечери)
- Туристичка такса 1.50 по лице на ден (се плаќа на рецепција)
- Патничко осигурување


Напомена:

- За патување во Република Црна Гора не е потребен PCR тест за Covid-19
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници
- Последен рок за пријавување: 12.05.2021 година


 За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ.

следете не

twinter rss

Контакт

Ул: Ванчо Прќе бб / 2000 Штип, Mакедонија
+389 32 397 001 | +389 70 210 219
e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Сервиси